Мислам дека главно беше тоа што немаа доволно искуство. Не е сеедно пеење пред толкава публика. Да излезеш да збориш пред толку луѓе ако не си зборел претходно ќе утнеш нешто, не па да пееш
А да, кога настапуваше Тамара, во делегација ни беше и нејзиниот мејкап артист Арменд Рамадани. Мала прошетка на државна сметка. Камо и јас така да можев да се шетам!
Убаво се сеќавам дека кога ја слушнав за првпат песната, нешто во мене ми рече: „Дефинитивно ова е најдоброто нешто, предобро“. Ама на дента на настапот толку сум се разочарал и се осеќав понижено. Почнувајќи од нејзиниот одвратен костим кој после го огласуваше за 5000 УСД, вокалните способности, однесувањето на интервјуата заедно со партнерот, срамежливноста итн. А песната стварно беше одлична. Особено кога ги читав коментарите на Facebook и Youtube. Едноставно немаа доволно искуство за сцена од тој размер како Евросонг.
Јас мислам сепак дека Украина и ќе победи, со оглед на политичката ситуација на релација Москва - Киев. А знаеме дека секогаш победува држава која има вакви проблеми. Како во 2016 со Џамала.
Мислам дека не мора да значи. Ајде ќе видиме. Иначе ако помисли дека ради тоа ми е фаворит, не. Најискрено само таа ми се свиѓа годинава.
Колку треба да немаш НИКАКВА друга работа и да си опсесиран со теории на заговор за да седиш да анализираш видеа од факинг беовизија и да правиш друго видео за симболиката ау... Боже... Вишокот на време на луѓево е фасцинантен.