Сега ми е јасна поентава на песната Не била баш сакрастична ко што мислев. Стварно си имале мака пеачиве со здраственото осигурување. Еве ако сака некој да погледне:
Подобро е поради backup пеачите. Не е лошо, ама за ваква просечна, досадна песна, не смеевме да дозволиме вокални грешки. Многу несигурности, што знам, ич не ми праи мерак.
Ни мене нашата не ми е нешто, досадна и некреативна песна. Во споредба со другите, тука некој просек е, зашто не сметам дека има голем број на добри песна годинава. Ми се допаѓа тоталниот аутсајдер, Словенија. Србија и Украина ми се интересни исто.
Моментално 14/40 фаворит за победа и 7/18 фаворит за влез во финале со 64% шанси https://eurovisionworld.com/odds/eurovision
Србија ќе влезе во топ 5 годинава по некоја моја проценка. Кај се појави жената го збудалува народот, некни у Израел на сцена си ги собра крпите што ги фрли на земја, вика од хотелот се, морам Како што ја преврте Србија на нозе од тотален анонимус, така и у Торино ќе биде. За победа малку тешко е да се процени без сценски настап, ама годинава се Италија, Франција, Шпанија, Шведска и Холандија фаворити. Од овие Франција најарна е, после Констракта секако.
Добро и Шпанија, Шанел со газот е симпатична. Шведска нишо посебно, Италија преценета до бол, Холандија ми се топ, ама немаат уште настап у живо саглам па да проценам. Други ми се фаворити мене, зборам општо за кој најмногу се збори дека ќе победи
Мене од овие Франција ми е последно рангирана , ама ок мене може покасно да ми се допадне, пример Полска, тек сега ми се допадна песната Од љубови на прв поглед, Кипар
https://wiwibloggs.com/2022/04/12/israel-eurovision-2022-withdrawal/271506/ Израелската делегација нема да присуствува на овогодинешнава Евровизија што ќе оддржи во Торино поради штрајк на Израелското министерство за надворешни работи. Можно е и нејзино повлекување, но засега нема никаква дополнителна информација.
Мислам дека доста се има подобрено во пеењето во живо. Очекувам дека во мај нема да не разочара. Но, сепак и го посакувам најдобриот можен пласман. Прашање на вкус е тоа. Малку е вулгарно видеово, ама сепак доста се изнасмеав.
Јебига, мене Шанел ми е 9, што е многу високо, ама не можам да ги ценам исто. Tanxugueiras ќе ми беа прво место, буквално ми нема никој подобар годинава Не знам, ептен е overhyped Шанел моментално, на крај ако е во топ 10 нека биде среќна оти жирито тешко да ја рангира во топ 3, па и во топ 5, со тој вокал.