Се повеќе и повеќе се подобрува Андреа. Ме радува тоа! Уште ни фали одличен сценски концепт и топ ќе биде се.
@staycalm Не сме до толку за потценување. Со Калиопи пред 10 години, и со Тамара и Васил докажавме дека и ние можеме.
Абе и нискобуџетно да е може да изгледа добро. Пример Тамара и Васил. Иако со ист буџет располагаа како со сите други, најдобар сценски настап имаа од нашиве претставници. Не е секогаш само до буџетот туку и до тоа кој ти го смислува настапот
ОМГ, заборавив на настапот лани, ама буквално бил тоа што пишав. Ја исцедиле идејата, јбг. Можеби од оние патикине тогаш, да рола на сцена. @fast_and_curious @staycalm точно дека и мал буџет може да направи многу. Односно, точно дека е побитна креативноста од парите. Ама не би се согласила за добар настап дека сме имале лани. Во суштина, за балада според мене не ни треба кој знае што. Баладата треба да фати и освои на емоции. Мислам дека почнав да се согласувам со Андреа. Ако ја изведе како што треба, со оглед на очајот од песни годинава, нема потреба од нешто wow настап. Некогаш less is more.
Да, ама се гледаше искуството на сцена во споредба со други наши претставници. Јас дури и не очекував толку добар да излезе на сцена. А првпат кога сфатив дека ни е претставник многу го критикував, ама се покајав.
Ама.... Не се согласувам. Јесте да минимализам сега е тренди и убаво за око, ама толкава сцена мислиш ли дека ќе изгледа добро и потполнето додека Андреа стои облечена во црно со микрофон во рака и пее, а во позадина има зелена боја и чат пат по некое светло ќе се менува. Баш во мај ќе се навратиме на ова мислење, пошто ја стварно мислам дека ова ќе е целиот концепт за сценски настап. И секако дека не влегуваме во финале ако ова е сценскиот настап. Сепак е Евровизија, и да е минималистичко треба да е јако. Некоја 5 пати полоша песна од Circles ќе влезе ако направи добар настап.
Не можам да најдам линк. Не знам каде читав, прочитав и кои се девојките ама не ми текнува име. Битно не се швеѓанките
Најдобрата работа досега за Андреа е што настапува по градовите и се познава дека се опушта и вокално е се подобра. Еве кој ќе го мисли настапот