Ја не очекувам да влеземе во финале искрено, ни па некој специјален настап дека ќе имаме, но ајде да видиме. Се мислам дали само финалето да го гледам на 14ти, некако полуфинални вечери секогаш ми се досадни и време губење.
Во последните три дена беа првите проби. Дали некој настап ве разочара? Дали пак некој настап за кој сте имале ниски очекувања ве изненади?
Најпозитивно ме изненади Сан Марино, не очекував таква сцена. Спојлер: Сан Маринo Од Србија очекував повеќе, целосно истиот сценски настап е како што беше на Беовизија. На Арменија многу ми се свиѓа тоа што е уникатно, нема да е слична во никоја смисла со никоја друга држава, ама се плашам да не биде монотоно, мора да видиме како ќе изгледа на екраните. Спојлер: Арменија Од минималистичките сцени највеќе ми се свиѓа на Австралија и можеби Грција. Кипар исто така ми се допадна, се двои од другите. Спојлер: Австралија Никој не ме разочара засега. Чекам утре да видам Андреа дали ќе разочара
И мене ме изненади Сан Марино најмногу хаха. И мене настапите на Кипар и Австралија ми се допаѓаат, а на Грција не знам не сум љубител. Мислам требаше да носи облека како во спотот, а истото го мислам за сцената.
Па не е сменето нешто многу. Во Белград сцената е помала, тука имаат друга сцена, многу повеќе камери, простор... Различно е, не може да биде исто.
1. Украина 2. Сан Марино 3. Хрватска Понатаму: Чешка, Ирска, Грузија, Албанија, Словенија, Австрија, В.Британија вака колку што успеав да се сетам зашто пред месец дена ги слушав. Молдавија - не е лошо тоа враќање во 2007 год, и кафанче на сцена нека постават