Ми се свиѓа годинава што добиваме многу behind the scenes снимки којшто се фокусираат на персоналот. Отсекогаш ме интересирало каков е процесот зад некое вакво големо шоу
Снимкава и настапов по ова на Албанија се ужас. Очекував многу подобро и многу повеќе. Втф камерава Дај снимка од Молдавија, каква Бугарија
Дали само јас не ја сфаќам поентава со точкициве под очи кај Андреа? Тотално непотребен детаљ, да не речам одбивен бар за мене, еве ако некој ја сфаќа идејата нека ме просветли За настапот мрак, премногу црнила за мој вкус Не влагаме во финале 100 %
Кој од вторите проби ви се допадна највеќе, засега? Мене лично, Албанија, Сан Марино, Арменија, Норвешка, Кипар, Австрија, Украина мнооогу ми се допаднаа од тие 15 секунди што ги видов од втората проба. Единствено Албанија имаше многу лоши агли, не разбирам зошто ама верувам дека ќе е како што треба во вторник. Сите што ги набројав освен сценски ми се ок и вокално, освен Австрија... Не знам што да кажам за девојчето. Жал ми е.. Од Big 5 од првите проби, највеќе ми се допадна Англија. Многу пријатно изненадување од нив, прекрасен вокал и прекрасна сцена, дефинитивно ќе се во топ 10 годинава што е оогромен напредок од последните места претходно. Италија ми е преценета некако.. Млитава сцена ептен, а и песната не ми е ништо посебно. Шпанија како што очекував пак ќе е overhyped ама нема да победи за среќа, жирито нема да дозволи. Франција исто ми е супер, освен тоа што е премногу зелено се'. ↓ United Kingdom ↓ ↓ France ↓ Овие ми се мала утека за Tanxugueiras ↓ Austria ↓
Монескин ќе имаат ли настап, ако знаете кога? Во финалето претпоставувам, но да не ги испуштам и во полуфиналето
Констракта за целиот концепт на песната била инспирирана од Марина Абрамовиќ искрено и пред да ја дознаам информацијава ме асоцираше на неа.
Слабо коментари на темава за Андреа. Искрено, тоа што го очекував се случи, судејќи од овие 15 секунди. За жал ништо од финале годинава
Андреа е солиден вокал, жално е што мртв воопшто не се потруди бар малку да се ангажира и да ја поддржат. Ако немаат доволно голем буџет за евровизија не знам зошто упорно форсираат да одиме. Некако почнувајќи од оној нашиот смешен избор за претставник за евровизија па се наваму, јасно ми беше колку се замараат.
Јас искрено бев спремна за фустани, шминки и кич. Ова и не е така лошо. За финале нема да прогнозирам, и онака сме последни, ама еве, мене ми е добро.
Сите евровизиски новинари биле импресионирани од пробата на Констракта. Дали ќе влезе во топ 5 според вас?
Фустани шминки и кич не се стил на Андреа. Иако вокално е одлична, за жал, ова изгледа млитаво, како да немаат вложено труд да измислат сценски настап.