Шведска, Шпанија, Франција, Италија по мое. Италија до бол преценета, ама го сакаат Махмуд ептен. Албанија ќе направи топ пласман и Србија исто. Англија ми е знак прашалник, годинава запнати се да мрднат од последно, ќе видиме Сем што ќе направи.
Денеска на клипот од пробата на Шведска нешто ужасно ми фалеше, не знам што А песната многу ја сакам. Јас мислам ќе биде Грција, Шведска или Србија. За овие и навивам, а особено за Грција и Србија, да нè види Евровизија и нас Не ја исклучувам можноста ниту за победа на Англија, убав вокал, убав сценски, е песната не е нај нај. Шпанија може, не се бунам. Франција според мене нема шанси. Италија нема, не дозволуваат пак вакви хаоси За Србија ме плаши само жирито, не знам како ќе помине со нив. Да не биде сценарио како Норвешка 2019
Јас мислам дека се случува истото што се случуваше со Hurricane. Премногу дигнат хајп, генерално од срби... Очекувам да е во топ 10, ама моментално мислам дека хајпот е од србите.
Исто. Од денешните проби единствено помлитаво нешто од на Андреа сцената ми беше на Шведска. Која иронија А АЛБАНИЈА?????
Албанија, прекрасна песна, моќна, со многу потенцијал, ја уништија во Торино, според мене. Можеле многу повеќе на сцената, многу подобри ефекти и снимки. Ронела се однесува како дете. Разбирам да си разочарана и сè тоа, ама онакво однесување не доликува на дива каква што се претставува и каква што оставаше впечаток изминатиов период. Посебно па кога објави клип од пробата, не оној од EBU, туку сосема друг, само за да се докаже. Не знам, ниско. Навивам за добар пласман, мене Секрет ми е 12-та, и мислам дека ќе биде некаде во тој ранг, меѓу 15. и 10. место, +/-.
Ноуп, ти ветувам дека е премногу уникатна песна и настап за да се случи такво нешто. Србите уште ја преболуваат Сара Јо (ја што иам видено), која е ист принцип како Hurricane.
Дали Италија го има истиот претставник што го имаше и пред неколку години? Не знам која година беше точно, се си мислам дека веќе еднаш беше на Евровизија овој претставникот на Италија или јас сум грешка..
Оф, се заебав да читам евровизиски твитови. Потоксични фанови од оние на Шпанија годинава и Кипар 2018 (Фуего) немам видено.
Мислам Украина ќе победи на политиковизија. А на Евровизија, Констракта заслужува победа. Андреа нема да влезе во финале. Мене ни вокално не ми е многу стабилна. Има убава боја на гласот, ама звучи како да и трепери и не може да го контролира. Песната ми е океј.
Точно така, баш затоа и очекував. Често сакаат да постигнат нешто со нивна замисла без разлика дали одговара на изведувачот. Можеби затоа и ми се допадна, баш потсеќа на неа и е во нејзин стил.
За Андреа ништо посебно, не ни има сценски настап за да се коментира, од друга страна моќен вокал, специфична боја на глас, за жал мислам нема да се пласираме во финале. Сакам Констракта да победи, уникатност во секоја смисла. Гледам Украина според обложувалниците е прва, искрено не ми е за победа, може и политички да и подарат победа, ама ќе видиме. Други фаворити ми се Франција, Италија.
Ми се допаѓа Андреа и сценскиот настап исто така. Сметам дека добро се вклопуваат ефектите и воглавно океј делува, барем на тоа кратко видео. Единствено што мислам е слаба страна се кадрите..мислам дека лоши агли се фаќаат, нема тензија.. многу рамно делува без динамика..