Мене оваа banquet верзија на Ин корпоре сано ми е многу убава, ритам делниците се многу поизразени и мизерере хорскиот дел, баш ми легна.
Сега откако ги имаме клиповите од настапите на сите учесници, да споделам пет од кои добив winner vibes: - Грција - Србија - Шпанија - Велика Британија И уште едно- не знам. Можеби Украина, можеби Шведска (знаејќи ја песната и посветеноста на Шведска да го среди настапот повеќе до полуфиналето). Ова се моите претпоставки за можни победници, личните фаворити ми се малку поинакви.
Го фрлила Андреа знамето да се слика и? Голема работа. Нас да не однесат таму што дме анонимуси исто како неа ќе се подмочаме не знаме да фрлиме. На крајот треба голема поука да ни биде што никаде никој не ја осудува освен Македончето што секогаш знае и може поубаво. Затоа нема да не биде како народ и затоа ќе бидеме предмет на заебанција секаде . И затоа и младината ќе ви бега поред другите работи кои што исто така се трули во земјава.
Првото полуфинале е утре 10ти, второто е во четврток 12ти, а финалето е во сабота 14ти. Ќе се емитува на МРТ со почеток од 21:00. Ние настапуваме во второто полуфинале (ако МРТ не ја повлечат Андреа).
Обично не сакам спојлери и не ги преслушувам песните претходно, сакам прв впечаток тогаш да добијам. Ама годинава не издржав и подобро така, едвај чекам да ги видам утре. Имам големи очекувања од организацијата на Италија, како никогаш досега, ама можи ќе се разочарам. Дојдов да прашам Дамиано дали ќе го видиме?
Да, Монескин ќе настапат во финалето со победничката песна и ќе дадат премиерна изведба на нивниот нов сингл којшто ќе излезе во петок.