Може некој да копира кои држави настапуваат вечер и во колку почнува Ланските победници кога ќе настапуваат се знае не сакам да ги пропуштам
И јас не следам секоја година, најчесто само нашите ги гледам ако се во финале но ќе гледам денес.. ме убедивте
Грмење од Албанија ко за почеток, па Латвија ќе буста енергија уште толку , па Моника ќе нè смири следно и ќе почекаме за Молдавија и малку сељо мод , после Грција ќе ја почекаме да видите победнички материјал како изгледа , ќе се поглупираме на Норвешка и на крај еден многу убав сценски настап @KateKane лец гоууу
Значи во 9 вечер е, дојдов во темава да проверам за да не пропуштам. Само нашава и песната на Србија ги знам, за другиве земји ниту сум во тек, ниту имав време да ги преслушам. Премиерно ќе ги слушам на самите настапи.
Кај си мори Мишело, реков не забораи годинава. Ко свекрва сум на темава, ама ДРАГАНЕ МНОГУ СУМ ВОЗБУДЕНА.
Е тоа е, станав мами4ка на мачка-предачка и презафатена сум со воодушевување и документирање на секој мачкин шум. Што се мора не е тешко. Ама Евровизија ќе си следам. Доволно беше што пропуштив Оскари, не можам и ова сега туку така да го пуштам низ вода.
Мислам дека наша предност е тоа што сме во втората полуфинална вечер каде што има послаби' држави, бидејќи по државиве кој ги видов што настапуваат во втора полуфинална вечер, би ги издвоила Србија, Австралија, Шведска, и евентуално Полска, другиве не сум забележала низ годиниве да имале некој особен успех на Евровизија иако секогаш можат да изненадат така да мислам дека имаме реални шанси, да бевме во првата група многу тешко ќе имавме било какви шанси за финале..
Јас мислам дека сепак немаме шанси. Колку пати сме учествувале и џабе. Само Тамара успеа да влезе во финале и да освои добро место. Тоа ме изненади иако и тогаш не очекував. Така да стварно не знам што ќе биде. Само Украина да ми победи ова другово не ме интересира.
Океј јас мислев дека братучетка ми малце полудела што брои и саати за евровизија ама имало и друг што ептен се радува. Значи нормално е Евровизијава е со значење годинава се надевам дека одлепени нема да има.
За кого ќе гласате во четврток? Јас за Црна Гора, не гласам за Србија поради тоа што знам дека Македонија ќе и даде 12 поени, а сакам Црна Гора да влезе во финале, за Србија гарантирано е дека ќе влезе.