Па според правилата на Евровизија гласовите на публиката се 50% од вкупните резултати, другите 50% се од жирито. Секој може да гласа по 20 пати, а мала држава сме и нашите гласови имаат влијание во вкупниот резултат. Секоја година 12-те поени на македонската публика оди или кај Албанија (поради Албанците во Македонија) или кај Србија.
Па џабе ти е и да гласаш. Подобро сладолед купи си. Јас сакам Украина да победи ама не верувам дека нешто ќе им значи мојот глас.
Јас никогаш не гласам, ама овој пат можеби, за Сан Марино. Украина и Сан Марино ми се фаворити, и сакам Сан Марино да влезе во финале. Трет личен фаворит ми е Хрватска.
Ја па мислам во второто полуфинале се подобрите. Првово, мех. Ништо, само Холандија онака ми остави некој подобар впечаток.
Кога веќе се спомна Црна Гора, не знам дали знаете, ама Владана, нивната претставничка, е по мајка по потекло од Македонија, наше чупе е Мајка и' е Битолчанка (логично ), а неколку години живееле во Скопје, па така Владана зборува малтене перфектно македонски јазик.
Јас дојдов во очи почетокот да ве потсетам на најлабавата песна што се појавила на Евровозија. Година помина, тој левел на лабавост не го достигнав во животот За догодина цел ете
Треба да им пишиме на македонски и битолски портали тогаш да ја промовираат. А и композиторот на песната е Дарко Димитров, Македонец.
Ајде да ги споделам моите топ 10 за вечерва: 1. место, 12 поени за Грција 2. место, 10 поени за Данска; 3. место, 8 поени за Ерменија; 4. Португалија; 5. Албанија; 6. Норвешка; 7. Австрија; 8. Хрватска; 9. Латвија; и 10. Холандија. Претпоставувам дека сите од овие ќе влезат во финале, со исклучок на Данска и Хрватска. Наместо нив сигурно ќе оди Украина, и ризична претпоставка- Словенија.