Милозвучен рефрен, ама целокупно не ми е за во финале. Барем послушавме португалски, скроз underrated јазик ко ќе се зборува за најубави јазици .
Одамна нема победено таков тип песна мислам време е Eleni Foureira со Fuego беше блиску пред некоја година од тој калибар ама Netta со Toy бидна. Како што ќе бидне сеа Украина.
Колку сте строги. Не памтам волку песни да ме бендисале во историјата на Евровизија, не е лоша ни Хрватицата, само некако неразговетно и многу се слуша кога зима воздух.
Одамна никој нема фрлено наметка или дел од фустан на сцена, како Каролина што беше. На песнава може ќе и помогне тоа.