Искрено мене песната на Сара Јо воопшто не ми се свиѓа. За сценскиот настап се согласувам дека има потенцијал.
Зорја дефинитвно има огромен потенцијал, гледајте и ги настапите од Ѕвездите на Гранд, каков вокал човече. Заслужува дефинитивно да ја претставува Србија, па дури има огромна шанса и во топ 5 на Евровизија.
Ко можеа Maneskin да шмркаат зад сцената, зошто тој не би можел на сцената. Видоја србите дека со рок се победва и одма Аца, рокериште старо. (Се зафркавам, за тие шо не знат)
Ау човече. Како човек што е изгорен по нова модерна српска музика, никако не можам да одлучам што ми е подобро. На Сара и имам идено на настапи, Сара умрен од гроб може да го дигне и да го размрда. Не сте свесни каква енергија има, топ се погодиле со Цоби, одма се познава дека тој ја правел песната. Зорја само од ЗГ ја знам. Девојчето пее све, во секаков жанр знае да се снајде, Калиопи наша се нафати да ја пее, ја пееше црно и бело и супер звучеше. И песната ми се свиѓа. И тоа ептен, коа ќе згрми на сцена има да се слушне до месечина. Ау не знам кој сакам да иде. Двете ми се прејаки.
Време е и Европа да слушне такви длабоки и значајни стихови како лична карта празна је... Уште ние Викторче да го пуштевме и ќе беше баш екипица на "забавни" песни. Като ти вака така пак ќе тресеш цицки и оваа година Уште ли ти е локо локо интересна?
Италија овој пат направи добар избор.И Махмуд звучи многу подобро од минатиот пат. А, се надевам дека Србите нема да го одберат Аца Лукас.
Оу јеа. На секоја журка ја пуштам. Локо локо ми е една од омилените песни Србија што ги пратила на Евровизија, додуша јас општо малце пристрасна сум за Србите. Сања у 2016 уште јa сакав со Shelter (goodbye) коа беше.
Аца Лукас можеше далеку подобра песна да има за евровизија од оваа. Убава ми е како и секоја негова, ама според мене не е за евровизија. Сара Јо, ептен добра песна има, верувам дека многу добро ќе ја изнесе и во живо. Ама сепак песната на Зорја ми е number 1! (како лик ми е антипатична, ама предобар глас има). И навивам за Зорја. Мада која и да изберат од нив две, ќе имаат многу добар пласман. Ако не и победа Београд 2023
Не ми текна мене на ова, сега сè е јасно Денес ја слушнав песната и морам да кажам дека сум vrlo veoma razočarana Очекував нешто од типот на - gorim, znojim se za svoj zivot borim se, или пак ко што рече Селти од типот на Lična karta. Кога ќе ја слушнам песната сакам право во срце да ме погоди и да е баш она - a ja caše bacam po kafani, а не да кршам чаши за да сечам вени Океј шала на страна Слушнав уште две песни, од Сара и од Зорја. За нијанса повеќе ми се свиѓа таа од Зорја поради тоа што девојката има преубав глас. Не ми е позната досега за разлика од Сара која е прејјака и баш сакам да видам како ќе изгледа на сцена, но не ме воодушеви со песната. Ќе почекам да ги видам настапите па тогаш ќе одлучам. ***Треба да настапуваат така? Или се лажам?
Не сум љубител на српска музика, ама ќе гледам да бидам неутрална Песната на Сара Јо не ми се допаѓа, баш ми е некако сељачка, извинете, во обиди демек нешто урбано. Таа Оригами ја чув исто така, досадна ми е. За чудо ми се бендиса таа на Зорја, прв пат ја слушам девојкава има убав глас, мада со вакви фолк детали е веќе ептен веч видено на евровизија, ама да бидеме реални секоја година пак упалува. Другите ги неам чуено, гледам и наша Тијана има песна, ќе гледам бар таа да ја чујам, и секако на дотичниот Аца Лукас Инаку Ве молам видете ги песните што им се избор од Молдавија, умрев значи ми излегоа на тик ток. I just had sex with your ex песнана И типката што директно си чита лирикс од телефон дур пее, боже имало бетер и од нас.
Ќе бидам офтопик Ме фати носталгија и ја пуштив Евровизија 2004. И сега како поголема сфаќам какви песни имаше. И не само песни туку и момци(Сакис, Жељко и нашиот Тоше ) Многу добра Евровизија, ептен
Мене ми е фаворит. Дели од другите. Уникат. Интересна. Како што гледам битката ќе биде меѓу Сара и Зорја. Јас лично би ја одбрала Сара, па колку и да е глупава и сељачка песната. Си паѓам по глупави српски песни. Ама, мислам дека на Евровизија подобро би се пласирала Зорја. И покрај тоа што јас не ги сакам песните со вакви елементи, гледам дека секогаш пали. А и реално Зорја е личност што би можела да ја изнесе песната маестрално. Сара не ми е позната, а ниту нејзините настапи. Ако вие велите дека би можела да растури, ќе ви верувам. Така, мислам дека и двете имат потенцијал, која и да ја пратат супер. Јас скришно малку повеќе ќе навивам за Сара.