Албанија - песната океј е, вокалот и беше онака, прилично слаб, и на ова додај вулгарен настап и лошо облечена (дрпната во ноќница) = очекувано не влезе во финале, дури и верувам дека е меѓу последните.
За кој сакаш можеш да кажеш дека е политика, за Исланд не, со оглед на тоа што Хатари пред некоја година извадија знаме на Палестина во Израел. Ретко паметна цивилизација живее таму.
Иако не се за споредување бидејќи се различни, прашање е на личен вкус или што мислиме дека одговара за ваков фестивал/натпревар. Исланд и Швајцарија се минималистички песни, беспрекорно сработени, без џингирлака. Албанија е спротивност.
Абе ајде ти се молам. За Шпанија сите зборите позитивно оти е слаба, згодна и не е Албанка, за оваа де ова де она
Албанија не влезе поради тоа што ја имаа на око жирито и намерно ја "исфрлија". Колку што читав предходно на црвениот тепих она се појави облечена како јапонка со покриена глава , тело итн. намерно поради тоа што ја искритикувале дека аутфитот и е премногу разголен (она а и танчерите) па затоа и препорачале да го смени па нешто како се навредила она. Сепак она си одлучи да остане со овој аутфит и можеби затоа не влезе. Реално добра песна но на националниот избор и верзијата со спотот за на јутуб беше мнооогу подобра. Некако, повеќе вложување енергија во дерење и играње не се и се слушнаа вокалите и во комбинација со облеката им беше малку утка што најверојатно е причината што не се кваливикува во финалето.
Очекував дека ќе влезе Албанија,за разика од некои други што влегоа а беа заникаде таа пак добра беше. Швајцарија како можеше да помине незнам @Larson не верувам дека таа е причината,облеката не дека не игра улога во овој избор ама да се присетиме какви се не претставници имало...глупости Нашата песна мене ми е убава се надевам дека ќе поминеме во финале
Да и како знак на револт на промоцијата на црвениот тепих пред 2-3 дена она се појави вака и колку што гледав искоментира кога ја прашуваа нешто "сега сум целосно покриена"
Австрија имаше многу добра песна, дечките малку несигурни, ама не до толку за да останат без финале. Албанија скроз заразна, но имам впечаток дека повеќе се потрудиле за домашниот настап отколку за големата сцена. Хрватска и Словенија Разочарана сум, иако очекував да не влезат Бугарија ме изненади, кога прв пат ја чув ми беше ОК песна, ама лајв не звучеше така За Исланд ми е мило, подобра ми е од Грција или од Холандија. Ерменија досадна и генеричка. Швајцарија не ми е лоша, не е нешто ни за памтење. Молдавија од прво слушање знаев дека ќе оди во финале, ама не предвидов дека вака ќе распали. Најзаслужен пласман, заедно со Украина. Норвешка безвезе, дури и Виктор трола поиновативно. Литванија се знаеше дека влегува. Голема петорка не знам ни зошто ги претставуваат во полуфинални вечери штом не изведуваат.
И за облеката и за кореографијата. Имаше драма дека и предложиле да смени сѐ затоа што Евровизија бил фамилијарен настан, ама се дигна фама и на крај ја оставија да настапи како сака.
Кога настапуваше Швајцарија со друштво коментиравме дека како и секој пат, досадна балада и на крај ќе испадне дека ќе се бори за топ 3 во финале и хаха... после не ми стана смешно.
Јас не разбирам зошто секоја година некоја досадна балада се форсира. И тоа генерално Швајцарија и Шведска..