И Хрватска ги објави потенцијалните нивни претставници, кандидати на Дора 2022, нивниот национален избор. Мој фаворит: Иако, ништо посебно се сите.
Уште еден доказ колку “сериозна“ работа е Евровизијата за другите земји. На сите им е јасно како се одвиваат работите таму, само ние и србите се траштаме да е беспрекорна песната
Па Молдавија еден битен фактор што е. Баш јас имам впечаток дека повеќето земји праќаат озбилни песни, на пример Италија слушни ја.
Истово си го помислив. Се тешам со тоа што уште земји имаат за објавување, ама некако претходниве години кога сум слушала секогаш сум имала фаворит, па и можен победник. Сега ништо. Не се истакнува никоја посебно.
Ова ни треба на Евровизија, а не досадни просечни балади. Еден фаворит од националните избори да ми победеше годинава, ЕДЕН барем, аман.
Ја очекувам Албанија да објави уште појака верзија на песната, сеа за сеа ми е на прво место. Шпанија ми се допаѓа, ваљда пошто ми помина огорченоста за Terra, малку ми дава winner vibes како пакет, одлично изгледа сценски. Израел ми се свиѓа, ама дефинитивно не е победничка. Италија и Украина ужасно overrated годинава, не можам да сфатам што е толку посебно кај овие две.
Нешто воопшто не ми се допаѓа ниедна песна годинава. На Сара Јо исто песната ми е катастрофа, па и на Зорја. Не се мој тип, не сакам српски песни ама и овие не ми се ни певливи. Не знам искрено, катастрофа, многу досадни песни што не ни држат внимание да ги дослушаш до крај... Лани имаше доста подобри песни, добра беше Евровизија 2021ва. Оваа година засега разочарувачки изборов.