Тешко е да се прогнозира победник годинава,Украина ги исклучувам,не верувам дека ке победат. Исто и Србија,малку повеке филмови и тие трите девојки беа хит,победнички ,ова она,ништо на крај. Многу слабо вечерва,лошо полуфинале,една песна саглам нема.
Да знаете дека јас мислам дека Андреа ќе помине во финале. Mark my words. Ако не влезе, кажете и на Раин да ме банира на 2 недели.
Јас мислам дека нема да влезе. Мразам да го кажам ова оти е клише, ама нема да влезе пошто е од Македонија. Исланд и Швајцарија се знае зошто влегоа.
Спојлер Не, не ради тоа, јас ради скандалот зборам, онака ми текна дека може ради тоа ќе ја исфорсираат. Иначе не можам да сфатам зошто влегоа Ерменија и Швајцарија. Само тоа не можам да го сфатам. Албанија требаше, многу требаше.
Секоја година кои песни се најдосадни тие дефинитивно идат во финале На Швајцарија, Исланд па и Литванија сигурно не им беше местото таму. Можеа Австрија, Хрватска па и немаше полоши од нив. Украина сто посто влегуваше ама мене баш ми се допаднаа и среќа ги пуштија и Молдавија. Молдавија секогаш во ист фазон некоја среќна, разиграна песна не се сеќавам некогаш жалопојка да пратиле. Албанија па Бог да чува уште и гаќите да ги слечеше и онака гола беше. Ќе видеме во четврток мислам има многу јака конкуренција и плус ја претставува Македонија тешко дека ќе влеземе ама ај да се надеваме.
Не го разбирам хејтот кон Швајцарија, а уште помалку величењето на Албанија. Што знам, мене и пред настапот не ми се допаѓаше, и вчера баш си реков ајде да видам зошто е таа фама толку. Ама не, ни песна, ни изведба, ни сцена не ме воодушевија. Ништо. Швајцарија ми беше солидна, еве како што и Грција ми е само солидна и толку. На крај сепак секој со својот вкус. Никој не (ни) е виновен.
Called it, дека Исланд и Швајцарија влегуваат. Одам со прогноза и за втората вечер на неслушнати песни: - Шведска - Австралија - Србија - Финска - Израел - Малта - Азербрјџан - Белгија - Романија - И прогнозирам Македонија Иначе вторава вечер има многу wild cards. Првите 5 мислам дека сигурно одат, другите 5 ќе треба сепак да ги слушнам.
Абе искрено песната на Андреа не е ништо полоша од на Швајцарија, Шведска, Португалија, па јас би рекол и Грција. Плус годинава општо сценски настапи немаше нешто нај. Ако утревечер е исто, може и имаме некои шанси за финале. Констракта дефинитивно има шанси за победа. Во јт на коментари под секоја песна да отидеш, секаде е спомната. Јас типувам на неа и Украина.
Ги немам слушнато. Само Финска, Србија и нашата ги имам слушнато. Затоа пишав последните 5 може ќе се сменат после слушање.
И јас до пред некој ден мислев дека нема да влезе. Ама сега, после вчерашниот ден, и јас мислам дека ќе ја исфорсираат заради скандалот. Па поштено да се изнакараме уште толку
Првото полуфинале важеше за полесното и лесно предвидливо, за разлика од второто кое стварно е тешко да се предвиди, а и општо е тешко. Ако сите утнаа барем 3 вчера, не знам што да очекувам утре. Ама, ајде и јас да прогнозирам, вака пред шоуто Србија Шведска --------------- Финска Азербејџан Австралија Ирска (или не, не знам) Романија (ризично предвидување) Црна Гора Белгија И еден од сите останати , ајде Полска или Кипар (ака 2 од моите топ 5 ) И сега ги гледам пак учеснициве за утре, и си велам ами Чешка, Естонија, Македонија, Малта, Сан Марино???
Според мене за второто полуфинале: 100% ќе влезат: Шведска Србија Австралија Полска Имаат добра шанса да влезат но се може да биде: Кипар Сан Марино Финска Азербејџан На граница се да пропуштат но мислам ќе влезат: Естонија Чешка
Првпат ги слушав песните вчера, ниту една не ми остана во глава. Албанија преголема фама, ништо посебно како бледа копија на Јелена Карлеуша да гледав, не ми беше за понатаму. Швајцарија ми се свиѓаше, дечкото имаше преубав глас. Норвешка и Украина ми беа забавни. Криво ми е за Хрватска што не влезе. Едит: Сега гледам на Јутуб видео од прогласувањето, овој на Швајцарија го мава знамето од кога го избраа, сигурно сега цела Швајцарија за тоа зборува, ќе го враќаат назад како Андреа.
Не знам како ви се свиѓа албанскава песна стварно. Ко рап+поп закачен врз музика од турска серија во најјаката драма ми е.