Ццц за албанкава ќе ми раскине бе.... Да си ја фатиш албанкава после, ама не е ни приближно ко мене да си знаеш....
Евровизијава оддамна стана порка мизерија, ама од синоќешното прво финале, главата ми се натапани....едно нешто саглам нити видов, ниту слушнав.
Урлам во право си. Таман мислев не може некој да го џитне знамето појако од Андреа и еве го овој. 1:27
Види, ниедна пичка на светов не е ко тебе Ама како може да не ви се свиѓа бе, таа енергија, таа raw sexual power, па тоа играње, тие бутови... 533K прегледи има за помалку од 24 часа, а Швајцарецот има 76k. Тоа доволно кажува колку беше фер вчера одлуката.
А бе супер беше Албанија реално ова им беше најубав настап на Евровизија. Штета, ама реалноста е дека на Евровизија се е наместено. Не верувам Србија да победи, само заради политика. Они се единствената земја која е проруски орентирана во моментов така да нема шанси да ја подржат.
Awwww Е не гледав се, ама песната како песна не ми се свиѓа. Ми мава музичето тоа назад у мозок. Не знам зошто, ама не го сфаќам хајпот Искрено се зачудив кога видов Швајцарија дека поминала, народ (ако воопшто они можат да се наречат народ со оглед дека се федерација) со помалку смисла за музика ќе да нема. Ќе ја чујам и таа песна. Сега ја чув Исланд и ме бендиса, а гледа дека не многу тука не им се допаѓа не знам зошто
Знам дека сите имаме различни вкусови. Ама, не ми е јасно како ви се свиѓаат вокално слаби.Едино ако ве фаќа visual bias. Албанката звучеше како расипана плоча.
533к прегледи не значи дека толку луѓе ја виделе или чуле, може да значи и дека таа самата си ја "силувала" песната на рипит 533к пати. Прегледи не можат никако да бидат репер за тоа дали е нешто популарно, исто како трендингот.
Следам Евровизија од кога знам за себе. Од вчерашната прва полу фнална вечер сум разочарана.Единствена песна што ми се допадна беше таа од Норвешка. Водителите онака млако. Според мене Лаура не е за водителка, ништо посебна и како да не се снајде баш.
Мене ни на јт песната кога ја имав слушнато, ни вчера не ми се допадна. Ствар вкус. Али према тоа што праќале други години, визуелно настапов може само боље да им беше.
Мислам дека ова ќе биде најлоша евровизија до сега. Ни една песна не ме задржа, едвај чекав да завршат. Единствено песната на Украина ми се допадна, бидејќу сакам таков стил на музика.
Здраво. Јас сум нов член дојдов специјално за Евровизија да коментирам. Искрено полуфиналето вчера разочара. За Албанија, не сфаќам хајпот за семејно шоу и голотијата. Имало секаква и голотија на Евровизија и сцени кои не се пригодни за млада публика па никогаш не се коментирало така. Сигурна сум да има "совршено тело" одма никој не би приметил дека е практички во долна облека. Е сега, колку и да ми се допаѓа песната, или да ми се допаѓаше претходно, изведбата и беше жива катастрофа. Од пеење ни П, навистина не ме погоди. Не заслужи да влезе во финале. Украина многу ми се допаѓаа, ама и тие на сцена некако млитави ми беа. Некако underwhelming, фалеше многу на таа сцена, ко некој бој бенд ми беа... Молдавија, веќе видено. Ништо ново не донесоа и пак влегоа, искрено не сфаќам... Исланд исто веќе видено... Не сфаќам зошто влегоа. Барем убаво звучеа... За Хрватска ми е криво што не влезе, добро отпеа, ама кореографијата некако исто ми потфрли, и аранжманот... Толку нежно изгледа во црното на Дора, што ја ставиле во тој циклама фустан... Искрено сцената ми рушеше ефект... Сѐ на сѐ многу потпросечно полуфинале. П.С. сега ми е криво што не се зачленив порано да коментирам за Андреа и знамето