Досега никој не ми се допадна толку за да го сместам во таа категорија. Ќе видам утре што ќе направат овие во второто.Можеби некој ќе заслужи премештај, можеби не.
Лани 90% беа вака облечени па никому ништо. Hurricane трештат уште по клубојте кај нас, ама згодни нели, онде во темите за секс сите со нив би. Албанката дека покрупна мора фустан долг и широк. Така испаѓа.
Мене еве албанксиот настап ич не ми се свиѓаше ама не добив впечаток ни дека е растресена девојката ни ништо. Генерално мислам дека што и да облечеш треба на стилот и на телото да ти одговара, ама ете таков впечаток не добив, баш стегната ми гледаше како за покрупна жена А плус и ок е да се види нешто slightly нормално како покрупна жена, не мора баш па сите како од калап да се извадени Не ми изгледаше страшно како се облекла, ама како викна, мислев ќе не истепа сите.
Онаков стајлинг не и одговара на градбата, да си кажиме право. Не е растресена де ама покрупна е дефинитивно.
Мене ми беше сосема ок, да не прочитав тука на темава дека се дискутира, немаше ни да помислам на тоа. Не знам чоек, не видов да стрчи нешто, да се тресе или да е морбидно обезна. Девојката на изглед ми е сосема ок, стајлингот и на некоја слаба не ми е убав посекако, која и да го облече нема да е убав. Али песната ужас секако @Ahoy оваа гркинкава ти е симпатија нешто што ја испофали песнава? Подпросечна ми е песната. Или дека Грција? @Bezimenka90 овие Норвешка иако се една од нациите на најмногу антидепресиви, ама ќе да ја претерале малце дозата.
Мене песната на Грција повеќе ми се свиѓаше на јт кога ја слушав, вчера у живо мех, стварно онака просечна е.
Не е ни дебела девојката, само има подебели нозе/бутови и е пресекси, мислам дека на ретко кој поубаво ќе му стои такoв стајлинг. Зрачи од сексапил јас се целата испопалив.
Во ред е да се искаже мислењето, но понекогаш не е лошо да се изберат и малку посоодветни зборови. Темава е сепак во подфорум музика, може повеќе да се задржиме на тоа. Мене вокално не ми се допадна како настапи, настапот сценски онака, но секоја година Албанија ми имаат слична песна, као веч виџено. За тоа какво тело има и како изгледала нема ни да коментирам, сепак Евровизија е настан пред се за вокални способности и музика, а не модна ревија.
Па Албанија и не беше дотолку wow, баш мислев дека може и да не влезе во финале. Очекував да поминат Литванија, Украина (нема да бидам изненадена ако победи), Молдавија, Холандија, Грција. На знам за Грција што толку трескање од земја. Затоа и мислев ќе влезе, на толку фалење, а мене ми беше рамна линија, реално. Ништо спектакуларно. Хрватска ми беше баш ок, мислам дека требаше и таа да помине, полоши од неа се пласираа. Од вторава полуфинална вечер очекувани финалисти ми се Србија, Белгија, Сан Марино, Азербејџан, Шведска. Македонија не очекувам да се пласира. Е сега, поназад нешто за број на прегледи се спомна, Андреа има повеќе прегледи од Малта, од Чешка, од Финска, Ирска, ете 4 земји што имаат помалку прегледи а мислам би влегле попрво отколку Македонија.
па која е поентата кога никогаш не се претставува Македонија како што треба на Евровизија, имаме толку добри музичари а секоја година праќаме непознати и медиокритети
Во ова сум сигурна, баш вчера кога гледавме со другарка ми то се рече. Инаку јас сакам шо побезвеза песни ако "добрите" не се доволно добри. Така да среќно понатаму продолжува Норвешка, додуша има шанса и малку пристрасна да сум за нив. Ама и години покасно уште ја слушам what does the fox say. Е исто е и ова само за волк. Грција ме потсети на Birdy. Брди ми е љубов. Данска исто ми е меѓу подобрите. Итоето. Сем веџис енд пуси другите не ги памтам ... Значи не ми остајле впечаток.
И мене ми е пресекси. Особено пошто таква доминантна енергија има. Џабе ако некоја е слаба и извајана у тело, коа personality 0. А вакви крупни жени како неа, Ешли Грем, Лизо ми се која од која појаки. Она ми е најубава годинава, а од мужите ми е дефинитивно Alvan од Франција. Туго мајко каков е, лиги ми течат коа го гледам. Махмуд ми беше препрепрепрепресекси у 2019, годинава не ми е тоа тоа, може дека песната ме нервира. И Естонецот ми е маче ептен. Убави мужи има годинава
Исти си е Махмуд мислиш вчера настапувал, од тело до коса преубав глас, уникатен, песната и мене не ми се допадна