Може, таман најрепрезентативна од сите делегации да бидеш во финалето Плус и ние другиве ќе питаме за совети аф скрос
Зошто Британија секогаш праќаат некои пејачи рандом и завршуваат на последните места? А колку познати имаат со кои можат да завршат на прво место.
Па, познатите си имаат створено име за себе, Евровизија не им е уопште битна, додека за понепознатите пејачи е одлична прилика да си помогнат на кариерата.
Затоа што не им е императив да бидат први, туку сакаат шанса да им дадат на оние малку познати изведувачи/музичари да се афирмираат. Имам впечаток дека само ние на Балканот се трескаме од земја за пласман и се осеќаме стално нешто обесправени.
Апропо Албанија, мислам стварно небитно колкав и е струкот, девојката е многу убава и беше сценски облечена, така што глупите коментари паѓаат у вода. Но, кога делегацијата би била можда помалце суетна, би си ги увиделе грешките. Го прегледав пак настапот, и озбилно, за каква енергија зборуваме, моќен вокал? Цело време буквално задишана беше и бревташе, како првпат да пее и не знае како да исфрла и вдишува воздух. Играњето на крај ептен потсетуваше на Папаризу, ама ако ја слушаме неа како пееше, реализацијата стварно не е иста. И сега коментари дека ја мразеле ради газот, непотребно.
Ја за Финска навивам, другиве (освен Србија) не ги слушав, пак утре да видам од прво слушање/гледање што впечаток ќе ми остават. Сериозно пак ме заразивте, не да не гледам со години, само победниците колку у тек да бидам и ко ланскиве мислам уште долго нема да се појават.