Досега не можам да издвојам песна што ми е за победа. И јас го имам „проблемот“ кај голем дел од песните да не можам до крај да ги дослушам, го немаат тоа да те задржат. Италија имаат убава балада, дава некој евровизиски победнички вајб. Шпанија имаат сценски настап, вокално скоро и да не се слуша, повеќе до израз доаѓаат гласовите во позадина. Албанија убаво изгледа со толку многу на сцена, со оркестар со се, ама на евровизиска сцена не знам колку и како би било. Другите горе-долу се просечни, Украина можеби малку се подобри, другите се тука стандардни песни. Србија има убави песни за сечие уво, ама борбата ќе е помеѓу Зорја и Сара. Сара ќе има добар сценски настап и енергија, енергија ќе покаже и Зорја кога ќе згрми со гласиштето и неа и требаат добри сценски ефекти. Хрватска некако нема нешто посебно, Марко има поубава песна, ама пак ништо посебно. Вака кога гледам добра ни е песната споредено со другите, и не ме чуди објавата од wiwibloggs, ако вака остане имаме шанса за финале.
Нова драма, овојпат во Романија. Прочитајте го целиот текст подолу во спојлер. TL;DR Задоцнето известување на натпреварувачите за одржување на полуфинале, гласовите од жирито биле 100% во полуфинале а ќе бидат 86% во финале. Жирито било дрско и непрофесионално. Поголем дел од фаворитите не влегоа во финале. Спојлер: ДРАМАТА ДЕТАЛНО ОБЈАСНЕТА Единствено Романија успеа да направи полош настан за национален избор годинава од нас
Женичкава ја следев кога коментираше лани на песните од Евровизија. Еве нејзин впечаток за Андреа: Генерално сите се согласуваат дека вокалот е добар, ама дека фали нешто во композицијата односно дека е рамна некако.
Од досегашниве песни кои одат годинава на изборот, Шпанија ми е фаворит. Има заразен ритам, добар настап и добра кореографија. C. Cabelo vibes ама струја е. Инаку доста различни стилови, малку повеќе ретро: од кантри вестерн, преку 60 и 70-ти, па се до 2000-2010. Засега само Чешка ми се издвои како нешто помодерен стил, ама не ме воодушевува. Молдавија = Рокери с мораву. Оригинал српско коло. Кога ќе имаат настап ќе свртам едно оро дома, хоп, хоп . Мислам дека Украина ќе биде високо на листата заради воената закана што ја трпи, но не верувам дека ќе победи.
Секоја година ли ист етно филм ќе тераат? Минатогодишната беше стварно оригинална, оваа ми е како обид за нешто слично, ама недоволно оригинално.
Си има своја приказна оваа песна. Иако мене не ми е во топ 5, гарант ќе заврши топ 5 годинава. Иначе, Украина секоја година праќа песни со етно елементи, и тоа секоја година пали.
Зошто бе досадно? Па тоа е нешто што ја претставува нивната држава. Ја едвај чекам некој наш да направи песна со мк етно елементи и да растури на Евровизија. Ама изгледа нема таков.
Џајковски. У дует со некоја што знае етно да пее, парче ќе направат. Вакво нешо да пратиме ќе котираме многу високо Украина е единствена земја која има 100% влегување во финале. Ако учествува, не е десено да не влезе. И мене go_a ми се подобри, ама не се ни годинава лоши. Апсолутен фаворит ми е Мушкарчина сега за сега. Италија и Шпанија ми се преценети. Махмуд го обожавам, ама Солди поише ми се свиѓаше. Белград 2023 хе хе хе.
Като мене ретко ми се свиѓа нешто што е баш Евровизиски критериуми. Какви песни и победувале, ништо не ми значи што влагаат 100%. Да, ок ми се добро направени песни со етно елементи, ама секоја година истото за уметност толку богата како музиката, не ми иде.
И мене годинава на Украина ми е бледа копија на Сељо . Најмногу ми се допаѓаат засега на Чешка и Италија.
Годинава за мене беа позитивно изненадување песните кај нас. Андреа, како најдобра песна, модерна и во тек со светските трендови беше најдоброто нешто да се избере. Девојчето, иако за повеќемината во Македонија непознато, сепак, од тоа што имав можност да слушнам има доста убави поп песни кои ем се гледани на Јутјуб, ем звучат светски. Има убава нота на гласот, некако длабок и специфичен. Дали ќе оди во финале? Кое место ќе биде? Дали ќе победи? За мене тотално нерелевантно. Не го гледам настапов од компетициски карактер, туку од промотивен. Ќе има можност да се претстави пред пошироката публика, да ја запознаат и неа, а и врши афирмација на Македонија. Тоа е доволно. И другите песни ни беа солидни, светски, модерни. На Лара беше убава балада. На македонски звучеше подобро и веќе е солиден хит кој се врти низ радио станиците. Виктор, колку и да не му беше сериозна песната, звучеше добро, има нешто кечи во неа и добро му дојде себе промоција во јавноста, затоа што го немаше подолго време. Јон Иди, од друга страна имаше песна која мене највеќе ми се допадна, можеби стилски затоа што е слична до тоа јас што слушам. Не знам. Ме потсети на Чед Фејкер малку, и беше вистинско освежување. Иако не му беше песната за Евровизија, успеа да биде слушнат и да го запознае публиката од таа нишка. Одлично за него. Дури и Кали немаше лоша песна, и иако ми беше некако генеричка, сепак беше солидно - добра и може да пројде како некој локален хит. И добро беше ова за афирмација на млади артисти во Македонија кои инаку нема на кој начин да бидат слушнати и запознаени во државичево. Овака добија спотлајт бар на момент. И поголемиот дел од нив според мене добро го искористија. Кукавме како немаме песни и пејачи. Епа еве ни. Кога ќе споредам другиве држави какви ужасии имаат. Посебно Молдавија, заостаната таму некаде во 2009 и со песни, и со стајлинг и со се. Како да ги собрала пејачиве од маало да пеат. Па таа едната и текстот не го знаеше. I just had sex, with your ex, со Емо фризура и глас како некој да го стиснал за машкоста Ние сме светлосни години пред овие.