Сега ќе го гледаме Васил од лани. Само сега се вика Шелдон и е од Австралија. И носи бел фустан. И е оверрејтед.
Не сакам да правам споредби ама таа привлечност и енергија на Дамиано не може да ја реплицира едноставно.Значи не е така нереално секси како Дамиано. Песната не е лоша.
Јас не би рекла така. Раскажуваше баш Ана на еден подкаст дека до толку зашле во смисла на сцената и организацијата, што кога се договара кореографија, најмувале Италијанците глумци кои ќе играат и пеат наместо изведувачите за сето тоа во реално време да се снима и на тој начин да се коригира, пошто биле толку горди на сцената што морало така, за да се видела цела. Пре би рекла дека се површни, за сцена се потрудиле, за тонот изгледа не.
Мене покрај Констракта сите ми се “бледи”,жената е ептен one of a kind. Србите се и тло за целиот кич и шунд во Европа,ама на Евровизија скоро секогаш се натпросечно добри.
Не ги знам. Не може да ги копираат, ако тој им е стилот од поодамна. Ама мислам дека ги избрале и испратиле со таа намера од публиката/државата.