Мене Македонија Со потенцијал да биде Норвешка ако во сабота ја изберат Elsie Bay, или Србија ако биде Зорја
Не заради кризата со Русија, туку претставникот на Украина не треба да има одено во Русија а Алина има. Некој од нејзиниот тим направил лажни документи ама ги открија и таа го кажа тоа, па се повлече од учество.
Чудни правила, да, ама веќе со години ги имаат истите. И со Марув се деси истото во 2019 ама тогаш тие ја дисквалификуваа, настана многу голема драма и на крај се повлекоа од учество на Евровизија. Годинава најверојатно некој друг ќе ги претставува после повлекувањето на Алина.
Е шо ко демек кај нас да нема никакво влијание политиката? Тамара за името и химната ја хејтаа, Васил ќе го линчуваа да можеа за *Бугарско знаме" и бугарски пасош, а па да бевме пред војна со Бугарија и да сакаше истата да не окупира најверојатно и вистински ќе го линчуваа. Украина си има одредени правила, што се знаат уште пред да се пријави некој на Видбир, исто како ние што си имаме наши правила. Оваа не само што знаела, на крај па и документи фалсификувале , a сѐ што сакаше беше да пее патриотска песна.