Како и да е, в година ќе се случи 67. издание на Евровизија, после овогодинешната победа на Украина. Не е сигурно, а ниту веројатно дека Евровизијата ќе биде во Украина следната година, поради актуелните случувања со тековната војна. Во ваков случај, секоја земја има право да се пријави да биде домаќин на Евросонг. Шпанија веќе се пријави, но и ако Британија изрази заинтересираност, поради нивното второ место годинава, тие ќе бидат домаќини веројатно. Со овој пост изразувам и надеж дека Македонија нема да се откаже од натпреварувањето, туку само дека ќе одиме појако, со нив тим, до финале и добар пласман. Се гледаме за година дена!
Се надевам или ќе го сменат начинот да селекција на песни или воопшто да не учествуваме бидејќи залудно трошиме пари. Сепак Евровизија не е тоа што сите очекуваме да биде иако е забавна за гледање.
Се надевам дека ќе нѐ викнат од МРТ мене и тебе да бидеме шефоЈ на делегацијата наша македонска. Прво нешто шо ќе направам, ќе забранам хартиени знамиња хихи
Читајте ги само коментариве по инстаграм , цела Европа е као уау зашто Украина победила , незаслужено , политика итн... А најинтересно е дека песната имаше огромна поддршка и гласови и ова до негде беше очекувано. Народот ја изгласал победата а не жирито и тука нема ништо спорно.
Знам не е тоа темата ама се дури МРТ не прати изведувач кој народот ќе си го избере, вакви неуспеси ќе продолжат и во иднина, ми е криво за Виктор ќе беше интересно
Ја следам прес конференцијата на Калуш Оркестра, изјавија дека се надеваат дека в година ќе можат во новата и стабилната Украина да ја оддржат Евровизија.
Не гледам поента да учествуваме. Мотото битно е да се учествува ми звучи и повеќе од очајно. Не е битно да се учествува, битно е да се постигне успех и да се победи. А нам тоа никогаш нема да ни се случи затоа што како држава сме на дното и никој не не поддржува. Таму не е битно каква е песната и каков е пејачот туку од која држава е.
Јас мислам најпаметно ќе е Македонија да не се откаже официјално, туку да паузира некоја година. Мислам дека може така. И со нов тим следен пат. Ако имаме добра песна што добро ќе биде претставена, имаме шанси за успех.
Не мора да паузира, ама нов тим под итно. Нашите се уште заглавени во 2002 со идеите, стајлингот кој еве оваа година е во покушај да биде креативен, ама не е модерен никако. Ефтино изгледаме секогаш, тоа ни е најголемиот проблем. Ко кажано ама недокажано.
И ја би да идеме наредна година, ама само со нов тим и нешто прекреативно.Иначе нема потреба, џабе трошење време, пари и нерви е. За шо ќе идеме коа ништо не праиме. Пеачит нѝ се топ, и гласовните им способности, ама аутфит, сценска изведба, ужас. Значи никад нема да забораам Ај Кју као беа облечени
Сум да идеме следна година ама ако малку повеќе се потрудат со креативност и организација. Ако не можат такво нешто да изведат тие пари подобро да не ги трошат на Евровизија кога и така во финале ретко кога влегуваме, подобро да ги донираат тие пари каде што е најпотребно, барем покорисно ќе е.
Јас сум за да не идеме.Или бар да паузираме 2-3 години. Ако идеме следната година или паузираме, па се вратиме би било добро да биде со нов тим кој ќе се погрижи да нема грешки.
Шала, ама не е шала. Да не стават мене, тебе, @Ahoy и уште неколку други фанови во делегација повеќе ќе се замараме и повеќе ќе си го промовираме нашето неголи МРТ што направи од 98ма наваму. Годинава на нив највише се лутам, да имаме вокал како Андреа и ич да не се замараме, па има ли поголемо богохулие?