Не сум ги чул другите, ама оваа песна е врв, иако и оваа кога би победила, не знам колку е Евровизија победник material. Малку помина ерата на EDM песните.
Ако не ја одберат ќе ја направат најголемата глупост во историјата на Мелодифестивален. Леле таа Украинката патетиката ако победи ќе ја бојкотирам годинава евровизија, жими се.
И мене фаворити ми се Luke и Филип, дефинитивно имаат највпечатливи песни и настапи. Туку вторава полуфинална вечер ми беше предосадна. Никој не се издвои особено, сите беа просечни
Се согласувам. Слични ми се песните, а тие многу се млади, мислам ќе ги изеди трема. Саво непребол, не го знаев од порано, по ова шо гледам не го сакаат многу. Зошто? Не знам зошто ама мислам ќе зафркнат работа со Ураганките или Принцот. Спојлер: Глупости Читав некое истражување на Факултети.мк дека на психопатите омилени песни им се Lose yourself и No diggity. Еминем го сакам, а другата ми беше рингтон во основно. Сега ги преслушвам пак песните и стихот "онај мали психопааат" го доживувам поинаку.
Исто и јас навивам за Филип и Лука Црниот да одат на Евровизија, другите не ми се за таму. А инаку вака за секој ден ми се допаднаа многу Цвет са Истока и Од Јастука До Јастука
Yall are sleeping on Zejna! А и те како може да ве изненади со заслужена победа Малку делува евтино настапот заради ефектите, ама лесно може да се поправи тоа, концептот е супер. Гласот феноменален, меѓу ретките што пееа без ниту една секунда помошни вокали. Плус, последна настапува во финалето што и дава голема предност.
Она ако победи Румба. Па некој нека победи со песна Самба. И на крај Финска со Ча Ча Ча. П о е з и ј а. Иначе уште Шпанија ми е фаворит, дефинитивно ми се издвојува со уникатност, талет и емоција.
Србија вечерва направи катастрофална грешка. Зејна и Филип Балош браво. Штета што се сами и зад нив не стојат силни музички имиња.
Фан на Евровизија сум а и ќере ја заразив, башка детската и сега ги гледаме избраните претставници и бидејќи ги има гледано и претходните ги споредуваме. Некако по Дамиано и Манескин, сите сакаат да се пробаат во таа насока, и хард рок и етно поп и електро или како и да се вика. На ќере фаворит и била Хрватска. Нз не ми се веќе допаѓа какви песни се праќаат... Некако многу се форсира ЛГБТ( немам ништо против, напротив сум тотално за слобода за сите) но многу е сите како да играат на таа карта