Од вашиве коментари ме закопка да ги ѕирнам песните. Требаше да претпоставам дека е турбофолк у прашање. Јас мислам дека е апсолутно културен напредок на Србија шо не избраа турбофолк, а избраа нешто друго. Не дека ми е нешто омилено, ама не би ја слушала таа песна за време на wc пауза да речеме. Иначе подобро да пее комплет на српски, некако делот на англиски пречудно, благо иритирачки звучи.
Песната на Албанија го спаси комшијата од кома. Некој ја пуштил на радио, па морал да стане и да го искрши радиото.
Јас имав двајца фаворити Филип и Лука, така да мило ми е што победи еден од нив. А за во кола си ја ставам Грех од Џипси, каков хит е браво.
Не го пратев бирањето на песна за Србија, првпат сега ја слушам песната од Luke и е предобра. Повторно имаат направено прекрасен избор, изненадија со одличните настапи и песни.
Јас си бев за Stefan Shy и Борис Суботич, оваа што ја одбраа не ми се свиѓа баш. Инаку малце може мислењево не е за тука ама зошто скоро пола од претставниците се геј?
Лука одличен. Вистинска слика на сегашниот момент. Предобри контрасти. Сладок,помалку аутистичен, автентичен и свој, а тоа е почеток на уметност. Одлична кореографија , се е на место и таман.
Секоја чест на Србите. Каков национален избор, браво. Организација на ниво. Еден од подобрите национални избори годинава, ако не и најдобриот, иако јас не ги пратам многу, се гледа квалитет. Пред настапите во живо фаворити ми беа само Филип, Луке и Принц, а сега ептен во уши ми се влезени и Зејна и Стефан Шај. Имаа и други квалитетни настапи, браво.
ЛЕт 3 нема многу врска со ЛГБТ, малку повеќе спрдачина е И има резон да и се свиѓа на ќере, цело време пее мама, мама
Не, зборот ми е општо за песните не конкретно за Хрватска, дека се вадат во тој смер.. За Хрватска немам речи
Не знам....првпат го гледам дечково....напишав своја асоцијација за песната и целокупниот настап...бег од реалноста...."само ми се спава"...а околу гори....летаргија...но,самото соочување можеби ветува...и така....а и самата музика и настап и кореографија содржи во себе контраст....
Србија направи одличен избор. Пред да настапат апсолутен победник ми беше Лука и воопшто не размислував за друг, ама откако ги видов лајв, немаше да ми е криво и да победеше Филип, Зејна или Џипси. Зејна беше премногу потценета од жирито, а баш очекував дека ќе е во топ 3 барем од жири, оти меѓу најдобрите вокали беше. Џипси е врв, го обожавам и влегува во моите плејлисти дефинитивно. Многу позитивно изненади лајв. Реален, симпатичен, срцка едноставно. Му се восхитувам на храброста, ром и отворено геј, па и со дечко му во бекстејџ. Многу ме изнервира што онаа Наџа ја префорсираа од жири, убаво пее ама предосадна и млитава песна човече. Буквално нема секунда во песната што ми привлече внимание. Исто ме изнервира што Ангелина и Саво не влегоа во финале. Не дека ќе победеа, ама заслужуваа влез во финале повеќе од минимум 4 финалисти. Многу чуден избор на членови на жири и чудни гласови од жири, ама па да не беше жирито Принц ќе го пратеа . Ме изненади промоцијата на диверзитет, па цитати, па говори на водителот, многу прогресивно и нереално за Србија Ептен го следев изборов годинава и лани и имам многу за пишување.. Во секој случај, одличен музички настан, светлосни години се подобри од останатите балкански држави. За крај:
Српскава песна... Што знам, не ми се допаѓа гласот, особено легнат кога пее, што е доста тешко за изведување. И брбља некако, не се ни разбираат некои делови. Албанската песна ја слушнав, моќен глас има пејачката, не е лоша. Германската е фаворит на ќерка ми, крв и светки. Забавна ќе е годинешнава евровизија секако.
И јас не го следам Мелфест. Прилично сум сигурен дека Лорин ќе победи, ја слушнав студио верзијата неколку пати, искрено не ме "зграпчи" како што требаше. Не дека е лоша, само имав други очекувања од тоа колку сите ја хајпаа по евровизиски групи. Настапот не сум го гледал, вечер ќе го гледам прв пат.
Мене ми се допаѓа Лука, и се ми е ок, за мене беше прав избор за Евровизија од сите други (ми се допаѓаше и Борис мислам му беше името, имаше добар глас). Едноставно на Лука песната ми е уникатна, и гласот и стејџот ( таа техника на пеење има си и некакво име слушнав, ама во тоа и не заоѓам), едноставно ко пакет ми се допаѓа. Друг фаворит ми е Франција, а трет ( верувале или не) Малта. Имаат и најзабавен спот Не знам каков е тој хајп околу Финската песна, два пати се обидував да ја ислушам, не можев до крај да дојдам. Исто и Италија ја фалат, добра е песната, и дечкото супер пее, ама ми е досадна многу. Лорин не ја дослушав целата, ми беше нешто невпечатлива на почеток и ја оставив, ќе и дадам шансата, ама мислам околу неа повеќе е хајпот ради самата нејзе, има многу фанови и несомнено е добар изведувач.