Ајде бе какви се овие драми. Кога јас издржав во 2018 со Фуего, ќе издржите и вие сега. Луѓево на интернетов се понашаат ко Лорин поен да не добила од публиката, а не 200 и кусур. Е сега дали биле 12ки, или 2ки, 3ки, тоа е сосема небитно. Жирито или гласаат еден, или си ги гласаат комшиите. Бар ти Ахој ко редовен гледач треба да ти биде јасно тоа. Ако нешто позитивно видов за Шведска, тоа е дека догодина се надевале Манс пак да води. Иначе денес од глава не ми излага на мојата сестра красива @KateKane омилената песна.
Побитно нема за Гејовизијата нели? Аман веќе од тоа геј лоби и нагласувањето дека некој е би, геј или транс. Кого го интересира и знаеш што ама ич не е интересно веќе, ниту невообичаено. Особено пак во Шведска. Не може да победи нормална песна, нормален изведувач, мора да има циркус и мора да е од ЛГБТ заедница, во спортивно не вреди ликот. Досадно. Евровизија не е геј парада или настан за промовирање и барање права и не знам што веќе. Фестивал е, ама очигледно дека се турка друга политика. ЛГБТ, ЛГБТ аман, аман премногу е веќе, оладете. Кој што сака нека е, ко што јас сум стрејт и не замарам никого со тоа, така ич не ми е гајле дали Петко е би или геј. Скроз нормална работа е, чисто да си знаете.
Баш ништо лгбг немаше во песната на Шведска? Ниту па кога победи оној од Холандија што беше отворено бисексуален. Секогаш тоа што го нарекувате ту мач, доаѓа од стрејт изведувачите, така да на погрешна група си лута.
Немаше де. Ниту пак ние имаме појма кој шо зошто. Ниту па не интересира, лив анд лет лив. Сдк.скроз ни е небитно дали е Лорин би. Или Верка Сердушка. Или Кате (село, село) . Мислам дека тоа сакаше да каже, можда сум грешка. Ноктите и беа ту мач, ако ме прашува некој мене.
Отворив да видам што се случува по вчера. Уф, сите се за Финска, чувствуваат огромна горчина што не победи. Криво ми е и мене. Дури и на оние што немаа фаворити, почнаа да навиваат за Финска откако почна жириво со нивното (предосадно, безвезе) гласање за Шведска. И ја наместија победатa. А видов и за Словенците, Бојан за нивното жири кажа дека он е најразочаран за гласањево, како не можеле еден бод да им дадат на србиве, а они нив 12 (и тоа најверојатно ради него, он е србин инаку)/ Не се најсреќни со резултатот, ама тоа е. Полска е пред нив Можеби нема во европа, ама на балканов сигурно ќе се прошират, имаат добри песни, две што сум ги слушнала на српски, топ се. Инаку они први на Каарија му дадоа подршка. Си се здружија. Респект
Абе мене јасно ми е, ама не сакам да прифатам . Јасно ми е дека жирито е тука за да напумпа некој фаворит, ама овојпат реално беше претерано. Претходно не мислам дека имало разлика од 150 поени меѓу прво и второ место од жири. Побогу, Тамара кога победи од жири разликата беше цели пет поени со Шведска како второ место и 10 од Холандија како третопласирана. Во 2021 разликата меѓу прво место од жири и второ била 19 поени, со третото 59 поени. Лани 25 поени меѓу прво и второ, 52 поени меѓу прво и трето. Значи тоа е таа некаде нормална, просечна разлика. Годинава беше факинг 163 поени меѓу прво и второ место и еден поен повеќе меѓу прво и трето место!!! Тоа е огромна и ненормална разлика, лесно приметливо фаворизирање, да не речам местење на победник. И нас да ни направеа во 2019 таква разлика ќе победевме Ама тоа е, целата продукција на Евровизија не е македонска, шведска е.
Не, лгбт го нагласува тоа, стрејт не. Јас сега прочитав дека била би. Врска немав, не ме ни интересира што е. И оној од Холандија не знаев дека е би. Исто, не ме интересира, песната му е преубава. Стрејт луѓето немаат проблем со лгбт, ама лгбт си имаат проблем со сами себе изгледа и сегаде кај што се може, се потенцира дека се. А никој не го интересира. Ама ок, вечни борци за права се.
Синоќа гледав Евровизија со друштво, на другарка ми фаворит и беше Молдавија и со тешки маки прежали 60 денари за да гласа еднаш. Исто втора по ред и беше Финска. Кога читав што си пишала ептен се изненадив од случајноста.
За малце ќе имавме Све за љубав момент. Поздрави ја другарка ти, единствената друга преостаната личност with taste на светов.
Ова да беше вистина светот ќе беше подобро место за живеење. Ама убаво е кога некој си носи розеви наочари у слободно време
Па не го интересира, реално. А оние кои коментираат и се против, тие реално имаат проблем со секого. И со разведени, и со сингл, и со стрејт, ќе си најдат нешто и ќе им смета. Добро, да, во Мк ситуацијата е доста поинаква од Европа и првично зборував за Европа. Нема потреба од потенцирање, користење кога овде никој не го интересира што си. Скроз нормално е да си би, геј итн. Затоа велам, нема зошто на фестивалот упорно геј лобито да ја турка таа политика и вакви ликови да се воспеваат повеќе и да се ценат дека еве била би и активистка.
Абе мислиш интергалактички натпревар е, па сега екстра хепи ако победиле клингонците или бетазоидите. Ја па будала, мислев за песна треба да навивам
Не, еве прво истражуваш за изведувачот, најбитно е дали сака жени или мажи, или и двата или по ново, најново не знае кој пол е, уствари наредно најтренди ќе се несфатените Каква песна, битно е со кој се е***
Смешки. У Европа било така, па и у цел свет е така. Не, не е. На Евровизија не учествуваат тие 4 прогресивни држави кои ги опишуваш ти, учествуваат и конзервативни. Евровизија уште од почеток бил, е, и секогаш ќе остане прогресивен, инклузивен музички натпревар што почитува различности, секогаш ќе има ЛГБТ луѓе што ќе го „нагласуваат“ тоа, фановите ќе следат и ќе имаат почит кон тие натпреварувачи и така ќе остане засекогаш, колку и да кинкате за тоа. Аман, ако не ви се допаѓа тоа, гледајте си Ѕвезде гранда или било што друго по ваш вкус, остајте ја Гејовизија на останатите кои немаат проблем со горенаведеното, за секој си има нешто за гледање.