Стилот е тој, ама продукциски е доста поразлична од Euphoria. Иначе, јас ѝ ја слушав музиката годиниве наназад, ама никогаш не ми текнало да ја отворам на инстаграм. Mother.
Нема конкуренција годинава според мене, а и хајпот околу Лорин е огромен. Песната ниту мене не ми е омилена, ама има огромни шанси за победа.
Секоја година Евровизијата се одржува во мај Годинава првото полуфинале ќе биде на 9, второто на 11 и финалето на 13 мај.
Како бе нема конкуренција? Јас ни годинава не гледам очигледен победник. Јас имам фаворит, ама не го гледам како очигледен победник. Мислам дека на врвот ќе бидат Норвешка, Шведска, Финска, Чешка, Шпанија и Израел. Еден од овие ќе е победник Кој ти беше фаворит лани?
Моќта на Лорин на сцена не можам да ја споредам со ништо друго годинава. Појава, песна, настап, просто сè. Другите ми се млаки за победници во споредба со неа. Во Шпанија 2023 гледам Франција 2022 Кате не ме тепај Норвешка најмногу би ми одговарало да победи, ама не верувам Лани личен фаворит ми беше Грција (и Естонија), а очекував победа на Британија или Шпанија ако не се лажам.
Кај мене е вака годинава засега: Оди да доручкуваш Ахоје, не ти е добро одсабајле Исто така Лорин е прејака, сосема заслужен и е хајпот. И песната е преубава и таа е преталентирана, оти ако не беше ќе звучеше ко типот од Србија што не пее туку мјаука. Ако победат сосема заслужена 7ма победа ќе и биде.
Мене песната на Србија не ми е лоша, ама не ми е за на Евровизија. Мислам супер модерна продукција со хајперпоп елемнти, ама дечково is giving nothing. Песната на Финска е врв. Не можам да опишам колку ми се допаѓа промената од агресивно техно, на еуроденс. Последен пат вака за нешто да сум бил ексајтед беа Хатари во 2019.