1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2023

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 15 мај 2022.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.336
    Допаѓања:
    249.354
    Искористување на фестивалот за промоција само на лгбт политиката и нивните права е сосема некоректно кон другите. Премногу простор им се дава до степен да цел фестивал кој патем е за избор на песна, а не промоција на правата. Секој факинг настан се злоупотребува и користи. Добро, сфативме, знаеме.

    И не знам зошто ми ги спомнуваш Ѕвезде гранда? По која логика заклучи дека ги следам? Сфаќаш дека сте во некој свој свет, терате некоја своја пропаганда, имате утврдена слика и да се што не се согласува со вас, гледа Ѕвезде гранда, пишува латиница и коментира по фб дека сте сатанисти.
    Не златна, реков дека имате проблем сами со себе, а не некој друг. Или упс, таква ви е агендата.
    Оти јас проблем нема со никого. Вие прво истражувате дали некој е геј, би или стрејт.
     
    На Gosh и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.858

    Еве ти го моментот што го бараш кога публиката вика ча ча ча

     
    На Ursi и RainBow им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.586
    Допаѓања:
    38.897
    Пол:
    Женски
    Има фан Украина 2016, јас сум. :D
     
    На Bezimenka90, Ketchup и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    @JuLleE Не те интересира дали пејачите биле геј би ор уатевр а од прееска 10 постови напиша за тоа. Не знам како не ви здосади секоја година истите муабети да ги вртите. Ко ако сакаат ќе истакнуваат, ако не сакаат нема да истакнуваат, гледачите ако сакаат ќе истражуваат, ако не нема, и ако ти сметаш дека не треба да е така, едноставно не гледај. :D Нема голема филозофија, за забава се работи, чил.
     
    На sweet-cherry, Srckata28, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.336
    Допаѓања:
    249.354
    Како оси сте значи, не може коментар да пројде, а да не ти скокне уште некој. Искоментирав после постот на Спешалка, оти нагласи дека Лорин е бисексуалка и активистка, како најбитно да е. И цело време се турка таа политика. Ми смета патем се што се форсира и нагласува.
    Коментирам и возвраќам, макар би напишала и 10 поста. Постои проблем? Не. Како што вас можеме да ве читаме и секој еден член да си кажува мислење, така можам и јас и било кој друг.
    И намалете со индиректното исмевање и вреѓање на ликови кои гледаат Ѕвезде Гранда и слични емисии. Не сте вие попаметни, поеманципирани или посовремени од нив. Генарилизирате.
    Сакате да сте поинакви, се борете за промени и права, а сте исти против они кои се борете.
    Следен?
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Не те препознавам :D
    Ај некако со тоа за Хрватска се помирив, ама ова не можам :D
     
    На Ahoy, Angie1432, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Повторување на Евровизија 2015 година…
    Screenshot_20230514-172811.jpg
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.933
    Пол:
    Женски
    Шведскиот водител и пејач е Монс, не Манс (буквата има кругче над неа). :D
    Иначе, нема да ми пречи он да води. Поднослив е.
    Повеќето земји бираат добри водители, ама без утки не може. Како Италија со стинглишот на нивните лани и Обединето Кралство годинава со плавушата. |( :D
    Швеѓаните се опседнати со Евровизија, па може да се очекува добра организација од нив (ако не ги фати воено-политичка криза :wasntme: ).
     
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    89.401
    Пол:
    Женски
    Смирете се малку,зошто се зајадувате меѓусебно без потреба.Секој има право на свое мислење и почитувајте,не можеме сите да мислиме исто и да се согласуваме со се.

    Евровизијата е настан во кој треба да се оценува музика,сценски настап,изглед како еден целосен пакет а тоа што со годините се е политика и се гледа да се протне се и сешто за да се види јавно е друг муабет.
    На сите ни е јасно дека е така.

    Пример ќе кажам за лани,Украина се знаеше дека ќе победи и победи и што и донесе на Украина победата,заврши ли војната се среди ли,ако не победеше немаше ли да знаат дека имаат подршка од цел свет?
    Годинава велат местенка пак заради нешто друго...Догодина којзнае што ќе излезе и на крај не победува никогаш реалниот изведувач кој го турка публиката напред.
    Така е направено друг да одлучува и така ќе биде тоа е тоа.
    Наше е да си останеме само фанови и да коментираме и слушаме,повеќе и да сакаме не можеме.
     
    На Gosh, Ahoy, Amelia и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Да ама Евровизија може и да изгуби гледаност со тек на време ако продолжи олку дрско со неправди.

    Како може Лорин да излезе по толку години пак со толку слична песна и толку сличен настап, ништо несменето и пак да добие најмногу поени? Тоа па тоа, глупости живи, незаслужено, некреативно и безобразно.

    Каарија колку ја хајпна публиката браво, и плус имаше се што е потребно за победа. И народот го гледа тоа, народот не гласа политички туку од срце.

    Ферски ќе биде само ако нема гласање од жири туку само од публика. И тогаш пак со задоволство ќе гледам и нема да ми биде криво вака како што ми е скоро секој пат кога гледам.

    Украина јес, се знаеше дека ќе победи минатата година ама па мене и тие ептен ми се свиѓаат, цела година им ја слушам Стефанија, и вчера многу моќен настап имаа.. за нив не ми е ич криво, а и колку што се сеќавам ептен и со гласови од публика издоминираа.

    Лука многу лош пласман, ама не можам да кажам дека беше скроз незаслужено. На толку малку пеење, па и фалш.. не знам, можеби имаше трема. Секогаш сум пристрасна за Србија и знаете тука дека навивав за него ама сепак имаше многу поквалитетни изведувачи и не ми е чудно.
     
    На Flower27 и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    24.965
    Пол:
    Машки
    Не се прави промоција на ЛГБТ „политиката“ (што и да значи тоа) туку се дава визибилитет на ЛГБТ лица. Се почитува диверзитет. Не е тоа некоректно кон никого. Ако беше, никој што не е ЛГБТ немаше да учествува, а мнозинството учесници се стрејт. Видливост на ЛГБТ не е никаква злоупотреба и никогаш нема да биде.

    Ти спомнувам Ѕвезде гранда затоа што и тоа е музички натпревар, само со други правила, друга поента, друг начин на функционирање, се' спротивно од тоа што е Евровизија. Никаде не тврдев дека ги следиш, ти дадов препорака за друг музички настан што не е како Евровизија.

    Прво, не ми се обраќај во женски род. Второ, ако сметаш дека имаме проблем сами со себе, тоа е наша работа, ти гледај си ги твоите лични проблеми и не се мешај во туѓите. Никој никогаш не слушнал песна, фатил да истражува дали некој е ЛГБТ за да одлучи дали ќе му се свиѓа песната или не, не си измислувај наративи. Да беше така, до сега само ЛГБТ претставниците ќе беа фаворити, а секоја година ги има повеќе од 1. Мило ќе ми е Лорин да го потенцира баш тоа, дека е би, ете за да ве нервира вас. Дали нејзината песна магично ќе ми биде победничка - НЕ, ама секогаш ќе имам почит кон неа и нејзиниот идентитет.

    Да резимираме, Евровизија е и секогаш ќе биде ЛГБТ френдли настан. Годинава на пример имаше дрег перформанс како interval act и беше одличен. Во 2021 имаше транс водителка и беше одлична. Евровизија ужива симпатии од ЛГБТ заедницата и е еден вид на safe space, и тоа ќе остане така секогаш. По трети пат, ако тој факт тебе лично не ти се допаѓа, имаш право да не гледаш Евровизија и да гледаш било што друго што повеќе ти се допаѓа, никој со сила не те тера да гледаш нешто. Ова е последен пат што те цитирам, оти веќе нема поента едно исто да се повторува секоја.факинг.година.
     
    Последна измена: 14 мај 2023
    На Waverly Raven, malerozna, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.336
    Допаѓања:
    249.354
    Врска немав дека си машки член, како прво. Најверојатно те помешав со друг член, се извинувам.
    За другиот дел, пак ќе кажам имам право на свое мислење и свој коментар.
    Да не се повторувам де, те цитирав да се извинам што го утнав полот.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.586
    Допаѓања:
    38.897
    Пол:
    Женски
    Верувам дека имам со уште многу од музика да те шокирам. :D
     
    На Bezimenka90 и Celltica им се допаѓа ова.
  14. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.852
    дека Лгбт лобито на Евровизија е најјако е факт. :!:
    Ако им се додвориш и уште ја имаш нивната поддршка во голем процент ти се зголемуваат шансите за висок пласман.
    Па затоа во голем дел од претставниците се одлучуваат да ја истакнат својата сексуална ориентација .;)
     
  15. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    И во 2012 Лорен победила убедливо во жири гласањето со 296 поени наспроти 173 за Србија, но победила и од гледачите со 343 наспроти 332 за Русија.
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    17.522
    Пол:
    Женски
    Сега ќе кажеш и победничката на Португалија ти се допадна. :worried:
    Јас заборавив таа дека воопшто и постои. :D
     
    На Ugly Duckling, KateKane, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Има некој што ја памти?
     
    На Ahoy, Ketchup и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.586
    Допаѓања:
    38.897
    Пол:
    Женски
    Е таа не :rofl:
     
    На Celltica, Ahoy, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    немаше никаква местенка, изгледа ние така си сме навикнати, ако нешто не е по наш ќејф одма развиваме теории на заговор, па местенки, па не знам што ти јас, за потсетување и кладилниците имаа полн погодок, го препознаа квалитетот и дадоа точна прогнозна…искрено Лорин имаше стварно квалитетна песна на која работела долг период, нешто околу 6месеци, е сега и мене како и на повеќето фаворит ми беше Норвешка но тоа е тоа, не беа доволни гласовите од публиката за да ги прекорачи поените од жирито.

    За ланската песна на Украина, настрана војната и се тоа, беше стварно убава, нешто мешавина од модерен и етно ритам, певлив рефрен, во било кое време ќе ми текне на стиховите со висок тон Стефанија мамо мамо Стефанијаааа, Европа си ја гласаше е сега дали од емпатија, дали како поддршка небитно.

    само не ми се јасни овие кои плукаат по фестивалов, па јбг зашто гледате? Темава не е за тоа дали ви се допаѓа Евровизија и зошто не, тука се коментира настанот, чисто забава
     
    Последна измена: 14 мај 2023
    На Bezimenka90 и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    24.965
    Пол:
    Машки
    Јас ко дебил се осеќав шо не ми се свиѓаше песната додека на сите други и се свиѓаше, а буквално рекордни 758 поени има освоено. Ете до ден денес уште не ми се свиѓа :')
     
    На sweet-cherry, Waverly Raven, Lella и 6 други им се допаѓа ова.