Плагијат е кога 7 тона се поклопуваат ритмички и мелодиски, тука се поклопуваат 9. Според мене е плагијат.
Зошто не потсети на најкринџ моментот на сите Евровизии досега? Уште ме јаде туѓ срам, ама полошо не знам дали е туѓ или колективен наш, о Господе Боже кој мислел во МТВ дека ова е добра идеја никогаш нема да ми е јасно.
Каков бојкот на Финците, 0 за Шведска од Финска во гласањето на публиката. Победија во „Светот гласа“ (Држави што не настапуваат на Евровизија) во полуфиналето 2 и 5 место во финалето.
По ужасно нешто мене лично, од песнава на Финска не сум слушнала, исто и од Хрватска. Мене најубава ми беше на Израел, Ноа беше прејака. Лорин беше одлична како и секогаш, ама ми беше веќе видено. Нешто сличен стил на Euphoria. Така да баш ми е мило што не победи Финска, многу лоша песна ми беше. Али ствар на вкусови.
Немаме зборено. Јас вчера им го слушав последниот албум и имам прашање. Зошто некои од песните им се на српски?
Бојан е Србин, поточно мајка му и татко му се Срби и солидно го зборува јазикот. Плус веројатно сакаат да се развијат интернационално.
За запросувањето... мене ми е embarrassing што се обидовме сите карти да ги играме за публиката - трудна, јавно запросување и пак не влеговме во финале.
Леле вистина телопот и беше со ехо од гинеколог Мислам дека мозокот ми има блокирано вакви настани од непријатно што ми било екстремно, да не пишеше ти немаше да ми текне.
Оти се слуша српско затоа. Плус сакаат да се пробијат на Балканот и да ги разбираат сите. Претпоставувам. Летово најавија концерт овде. Ајде доаѓај
За мене песната на Јана е број 1 пред Евровизиска песна на Македонија, и си ја слушам сѐ уште. Спојлер: Јана Бурческа – „Танцувај сам“