Чекај да видиш србите што пропуштија Не можам да ви опишам колку се заразив со песнава. Детево е феноменално, од глас, до стас, песната влегува одма во уво, забавна е и типот е 1000 пати подобар вокално од тој што победи. Плус прехаризматичен ми е. Сам си ја напишал песната, сам се си спремил, дури знам кажа дека помогнал и на други. Слушни го, сигурна сум дека многу убава кариера ќе направи. А и мене Финска ми е прејака. Уште сега можам да ја слушнам публиката како во еден глас пее ЧА ЧА ЧА ЧА ЧААААА! Едниот тип од танчерите иначе е бившиот премиер на Финска, што ми ја праи ситуацијата уште појака. Од Шведска не можам да прекинам да ја слушам песната. Предобра е Лорин едноставно, има зошто толку има хајп околу неа. Ама сепак Шпанската ми е најмногу во срце. Многу ми е емотивна и слаба сум на пеење фламенго. Плус годинава типката е вокално најсилна. Знам дека нема ништо посебно да направи, воопшто не се хајпнати луѓево, ама ете мене ептен ми влезе во срце. Дека е за баба и, па уште толку ме тера да ја сакам. И многу е уникатна, овој Ахоје нешто настинат е, не го слушајте
мене па ни српската, ни лорин , ми се допаѓаат. хрватска исто живи глупост. А Беовизија годинава беше најкрш до сега. Незнам дали ќе гледам годинава, се разочарав лани кога победи политиката..
Абе не сум грешка, може некоја песна да е поразлична ама генерално стилот ѝ е тој. Албумот од 2013 го имам преслушано милион пати и оваа новава песна би се вклопила таму
Лорин ненадмашлива. Мислам дека, сега за сега, први 3 места - Шведска, Норвешка, Шпанија. Баш би сакала преседан да видам, Лорин пак да победи, дупла круна. И многу јако би било да се организира посебен настан фестивал Евросонг ВИП , каде би се такмичиле сите победници пример од 2000 до 2020 та, да се види кој навистина ја има круната. Во ваков случај, тесно би било меѓу Еуфорија Лорин, Хелена Папаризу и оној гнасниот Салвадор ли беше од Португалија со жалопојката.
Не ми искача песнава од глава: колку сакам вакви диско фанк мелодии ма ова е предобро за на евровизија затоа не го избрале.
Воопшто не ми се допаѓа на Лорин песната, не е ништо ново невиѓено и многу е монотона, без некоја кулминација. На Србија песната ми е одлична топ, Ама Лука треба да поработи на вокалот и сценските движења. Ептен ми се допаѓа овој жанр, ме потсетува на UNKLE. Му посакувам успех
Не дека имам нешто многу слободно време, но се зантересирав оваа година каква ќе биде евровизија. Лани воошто не ми се допаѓаше, а искрено очекував многу, дека нели Италија Еве некое мое мислење: Србија - интересна песна, но Лука ќе мора да поработи убаво, за да биде тоа ептен добро во Ливерпул. Едно позитивно, овие две години по ред праќаат нешто ново србите, плус имаат јак пр, промоција на песната ... Франција, Шпанија - квалитетни песни, можно е да ја однесат победата. Со право се фаворити Шведска- ок е,ама дали е нешто што не е видено, мислам дека е Хрватска - која ја видов, си реков дали е можно, што праќаат, каква песна имаа со хармонија... ама гледам дека се прави хајп, случајно отворив на овие предзабавиве луѓево се изнаскокаа, ги снимаат, сликаат Е сега оние што ептен ме изненадија Словенија - топ 10 (јас би и во топ 5 ) , оваа година дефинитивно влегуваат во финале . Песнта е топ, имаат страшна харизма. Се прави хајп и за нив,ги споредуваат со Манескин по изглед, по мене се dark horses со Австрија( кај нив многу зависи настапот дали ќе биде добар), Финска, Италија
Мислам дека доволно ми легнаа песните за да го споделам мојот топ 5 (пред пробите) Норвешка Финска Србија Чешка Шведска Многу јака година, барем 4 земји имаат голем потенцијал за победа според мене
Италија Словенија Норвешка Шведска Албанија Холандија Ерменија Финска Швајцарија Естонија @KateKane де изјасни се и ти
1. Шпанија 2. Шведска 3. Финска 4. Ерменија 5. Австрија 6. Франција 7. Литванија 8. Италија 9. Албанија 10. Хрватска Словенија му се свиѓала бе, хвала ти боже ако ме вечераш узмеш
На ви го целиот мој топ 10 ајде: Норвешка Финска Србија Чешка Шведска Шпанија Молдавија Грузија Израел Австрија @KateKane лајкот ти е исклучиво за цитатот, и мене ми се свиѓа Словенија
Јас веќе букирав лет со Виз Ер до Љубљана за мај в година, иако не се уште пуштени во продажба, ти што викаш Шпанија