Многу ми е жал што не учествуваме. Знам дека е многу скапо да се организира музички настан за избор на песна за евровизија, ама толку ли нема спонзори што може да го финансираат?
Моја листа: 1. Србија ( јас не знам што ми се случува ама како да се опседнав со дечково, Candy crush , ама сите песни му ги ислушав од јутуб, некои повеќе ми се допаѓаат од оваа за еуросонг, сите интервјуа му ги изгледав, едноставно Лука како појава ме освои) 2. Франција ( одличен бит, гласот, јазикот ) 3. Малта ( едноставно ми е симпатична, и на прва ми се допадна. Таа со ќерка ми ја гледаме заедно. Јас идам во крајности, или дарк или па ептен хепи лесна песничка) 4. Португал ( оригинална, интересна, супер вокал) 5. Австрија ( заразна) 6. Норвешка ( ми се допаѓа Алесандра, вокално и харизматична е, малку ме иритира тоа уште една во низ, јас сум жена, јас сум јака, ама сепак добра) 7. Финска ( онака, не ми е толку врв како на многумина, ама забавна е и Карија е енергичен левел 1000) 8. Словенија 9. Швајцарија 10. Ај Кипар да речеме Италија и Шпанија се значи врхунски таленти, ама ете ја немам живци да ги дослушам, малку ми се и досадни. И Лорин со дерењето
Словенија и Чешка лепотице идат у финале 100%. Црниов Лука малку ме плаши, ама размислувам позитивно и за него
Да де. Тоа и ти викам коа ќе влезат. Таква патетика како Чешката, леле видете не колку сме кутри не само што ќе влезе, туку и топ 10 мислам дека ќе земе. Тешко вас тој ден
Ги гледавте ли на Тикток кратките видеа од првите проби? Кој ви е фаворит? Од Норвешка очекував повеќе од сцената. *Непопуларно мислење* Лорин уште не ми е фаворит за победа
Само сликите на Инстаграм. Лорин ни мене не ми е фаворит, ама поприлично сум сигурен дека повторно ќе ја однесе Евровизијата во Шведска. Моќно изгледа, моќно звучи.
Мене Норвешка ми е на блок на Спотифај. Преслична на Kings & Queens од Ава Макс, а таа песна до скоро беше насекаде со години така да скроз сум over тој стил на песни. Од настапот на Лорин не очекував ништо повеќе, знаев дека ќе остане ист ко што си беше, само што сега се надевам продукциски подобар camera angle ќе имаме.
И јас мислам дека ќе победи, ама овојпат незаслужено и на стара слава Стварно не е нешто посебно песната без настапот. Норвешка или Финска сакам да победат. Мене Норвешка ми е прва На Лорин тоа lightbox-oт малку грдо изгледа сега, оти не и дозволиле огромниот да го користи, ама ќе видиме како ќе изгледа на ТВ со овој. Србија ми имаше најубави пропс од вчерашните проби.
Мене Финска скроз ми е фаворит. Неколкупати ја преслушав и пак се опседнав со песната. Лорин ми е океј, ама би сакал Финска да победи.
И јас повеќе би сакала да победи Финска или Шпанија, отколку Шведска. Не дека Лорин не е моќна, но некако со сето тоа фаворизирање се губи малку убавината на натпреварување. Мислам дека прво полуфинале најјаки ќе бидат Финска, Шведска(нема шанси без неа), Србија, Норвешка и можда Израел. Хрватска воопшто не ми се допадна. А второ, Австрија и Словенија (баш се хајпнува за нив)
Мојата овогодинешна симпатија Ноа Кирел растурила на пробите по сликите . Песната ми е далеку од фаворит инаку. Јас сакам Словенија да победи, многу. Ама знам дека не може, па навивам за Норвешка, Шведска и Финска