Вчера гледам и читам воодушевување околу стејџот на Финска, со сенката на Карија на скринот, ама отпосле и Белгија чинам беше излезе со сличниот стејџ. Па кутија на Лорин, на Карија и на Ноа, кој има најубава кутија Не знам, како ги гледам објавите и како времето минува мене СКОРО сите ми се допаѓаат, освен Романија А и Чешка ми е тотално одбивен звукот, па не можам ни да ги испратам ни визуелно. Додуша, на сликите од пробите вчера забележав некои убави нежно розе бои само, мислев ќе биде шарениш, ама не знам, не ги загледав. Израел ќе приреди шоу мислам, ама јас не верувам дека може да биде подобра од Chanel лани, ми се чини ко бледа копија.
Hell yeah, предобар сценски концепт, ќе видиме утре вокално како звучи од новите видеа. @KateKane Чешка е малку disappointing, ако испадне да се shock NQ сФе ќе искршам
Леле мори мајко, Чешка е флоп Норвешка.... очекував повеќе. Србија - очекувано, предобро. Финска - предобро. Шведска - значително послаб перформанс сега споредбено со нивното шоу. Израел - многу статични камера агли ама slay. Молдавија - фино. Другите не ми оставија баш јак впечаток.
Од прво полуфинале по пробите се издвоија Финска, Израел и Србија (јакичко). Еден од нив ќе биде победник на полуфиналето сигурно. Не очекувам Шведска да биде , бидејки нема гласови од жири за влез во финале, но нема шанси да не влезе , е тогаш ќе биде борба... Од второ - Грузија (изненадена, ова е стварно добро личи), Словенија (slay, ќе оди на уште подобро со публика, очекував малку повеќе ,но си направија дечките хајп за нив мислам дека и потенцијално нешто да утнат со настапот пак ќе влезат) , Албанија (изненадување, некои 80% мислам дека ќе влезе, иако на почеток ми немаше шанси), Австија, (па ова не е за победа, а беа фаворите од сенка, ама сигурно ќе влезе) и Кипар влегува. За Полска немам коментар. За второво полуфинале на мисла ми е кој може да победи, реално многу послабо и понеизвесно е од првото полуфинале.
Само да улетам ко падобранец у темава Ја слушна некој песната на Нов Зеланд ? Дали само јас откачив на песнава или тек ке станува позната низ Европа ? Каков ритам човече , другите песни нема што да ги коментирам, ниедна не ми се свиѓа после прво слушање, буквално ниедна. Ама затоа ке се слуша и слуша и слуша ехееееееее ајде да си ја пуштам пак Браво за песничево, ептен расположува , секоја чест Нов Зеланд
Песната на Лорен не ми се допаѓа воопшто. Дури и песната во 2012 година не ми се допаѓаше. Мојот победник на Евровизија 2012 е Русија. Спојлер: "Баби од Бураново" – "Забава за сите" @Herrera Требало да напишеш и „12 поени од македонското жири одат за Нов Зеланд“. Се шегувам. Песната е дел од кампањата Нов Зеланд да настапува на Евровизија 2024 година. Останува да видиме дали ЕБУ ќе прифати (читај дали ќе се договорат колку да плати Нов Зеланд.)
Е до толку сум и јас у тек Последниве 2 дена само ги преслушав другите песни, ништо посебно , ај да не сум ептен баба рога негативна, 0, 1 % добра е песната на Литванија Инаку на Јутуб за Нов Зеланд тече поддршката затоа и ја спомнав песната, ептен ми влезе у срце @МитеМен , а таман се спремав почнав да ја учам песната, па ко ке дојде време за гласање да уклучам телефони и се по ред, ама останува да почекаме да им дозволат.
Ќе има ли пренос кај нас? Јас како и вообичаено одбегнував да ги преслушам песните пред настанов, секад сакам да сум изненадена, ама успеав случајно да чујам по некоја. Ама вторник ќе прокоментирам кои ми се фаворитите.
Ќе има пренос на МРТ 1 (македонски коментатор) и МРТ 2 (албански коментатор), а ќе можеш да слушаш и на Радио Скопје 1.
Јас ич немам feeling дека утре започнува Евровизија Потсетете ме да не заборавам Шала на страна, секако дека сме спремни За кого навиваме утре?
Спремни и со оглед на тоа што се оддржува во Велика Британија, очекувањата се многу големи. Гледам и Зара Ларсон била на тиркизниот тепих, може и некој настап од неа?