Секако дека сме спремниии. Дали сте спремни утре на онлајн гласањето да гласате за Австрија, pretty please
Шведска, Финска, Израел, Норвешка, Србија... Уствари, полуфиналево е толку јако шо мислам дека на сите треба да се обрати посебно внимание
Дури и Србија? Те закачам, знам дека не си баш фан Ама навистина, и јас мислам дека со стејџот, визуелни ефекти, сите песни ми изгледат топ. Знсм дека сигурно влегуваат Финска и Шведска, за сите останати веќе ништо не сум сигурна
Веќе си имам листа јас кои мислам дека ќе се пласираат, базирано на песната + пробите, ама ќе почекам вечер да ги изгледам целосните настапи па ќе ја пишам тука.
Јас освен неколку песни што искочија први, ништо немам слушнато. А и тие ги имам заборавено. Чекам официјално за прв пат да ги гледам и коментирам вечер.
Вечерва започнува овогодинешното издание на Евровизија. Here's your guide Шоуто започнува во 21:00, можете да го гледате на МРТ1 и Јутуб. После отворањето, отприлика во 21:12 планирано е да настапи и првата земја - Норвешка, стандарно, прво postcard, па настапот. После Норвешка, следат Малта, Србија и Латвија, по што има пауза за реклами, додека пак ако гледате на Јутуб, ќе има нешто како разговори со дел од артистите кои поминале, накратко. После тоа, редоследно: Португалија, Ирска, Хрватска, Швајцарија, Израел и Молдавија, па пак пауза за реклами, пред да се продолжи со последниот пакет настапи: Шведска, Азербејџан, Чешка, Холандија и за крај, Финска. Откако сите земји ќе настапат и започне гласањето, следуваат неколку специјални настапи. Прво тоа ќе бидат Rebecca Ferguson и Alyosha (Украина 2010). После нив, британската ѕвезда Рита Ора ќе настапи со микс од нејзините најголеми хитови. Пред да се објават резултатите, веројатно на МРТ1 ќе има реклами, но ако гледате на Јутуб ќе можете да видите 3 од 6 - те автоматски пласирани држави за во финалето: Германија, Франција и Италија. Во однос на гласањето, иако не учествуваме, ќе можеме да гласаме онлајн на следниов линк: https://www.esc.vote/, ама сепак, се плаќа И после тоа време е за нервирање
И јас барав податок за тоа, но не успеав да најдам. Само прочитав дека е потребна картичка за плаќање од земја што не се натпреварува за да се гласа.
Ајде ќе видам вечер, пишува дека може да гласаш до 1-20 гласа оддеднаш со едно плаќање со картичка. Јас претпоставувам дека би требало да биде отприлика колку и смс плаќањето. Лани колку беше, 60 денари, така нешто.