Автор е на песни кој што имаат милионски прегледи, а тоа значи дека е добар композитор.. Поради други причини не сме постигнале успех на Евровизија, не игра многу улога песната, тоа се виде и сношти..
Сериозни сте Антонија Гиговска може спома некој погоре, со Дарко Димитров,Роберт Билбилов,Лазар Цветковски да направат песна и добар вокал може ќе поминеме барем во финале
Читам тука паузирање, откажување..Како некои ќе шетаат низ Европа, дај не зезајте. Еве млад вокал пративме, ништо не направивме.
Гиговска не. Поарно некој од постарите со добар вокал или од помладите кои не се многу познати. Ко што спомнав претходно, може и некаков дует.
Гиговска беше со Тамара на Евровизија, и пееше бек вокали и урлаше норт мацедонија таму, не знам дали би поднела толкав булинг..
Јас сакам да сме и в година, и секоја наредна. Со нов тим шо ќе крепи пејачот. И да, народот да одлучи кој сака е најдобро. И јас би сакала да можи да одбираме млади и надежни уметници. Да почниме дома да сме победници и да имаме луѓе шо дома ги слушаме. Евровизија нека е забава. Ова за наш атер. Туку @Ahoy @staycalm @KateKane де земете ме за односи со јавноста дур вие средвате и префинувате детали за настапот, да се карам со секој шо ќе има забелешка.
За првиот дел, затоа велам, ни треба национален избор, не како годинешниов, туку фестивалски формат. Макар и Макфест го одбрале, нешто што ќе го зголеми интересот кај националната публика. За вториот, пишана си
Јас па би предложила како талент шоу и ко ќе имаме победник да имаме избор на песна. Комплицирано, да. Ама да се дешава нешто. Да се размрдаме. Или првите три места, пет, идат со песна за избор. Или финалето е со оргинална песна за избор. Премногу опции. И да, јас ептен тегнам кон неоткриени таленти, а не кон уметници со веќе воспоставена кариера.
И ќе те бранам од онлајн булис, пошто во односи со јавноста ќе сум. Ќе се дерам "ПРЕИСПИТАЈТЕ СЕ ШО ЗБОРАТЕ АМАН".