Не дека е многу слабо, ама според мене значително послабо е од првото. Како и да е, гледајќи исечоци од Dress rehearsal сфатив дека многу ќе биде интересно. Уште Естонија фали да вметне dance break во настапот
За вечер што мислиме? Бејба влегува или не влегува? нејзе најмногу ја чекам вечер, умрен два пати може да го умре пустата
Јас кога ќе ви кажам дека моите 7 поени и' ги давам нејзе вечерва (вака пред настапите), then what? Влегува гарант
Луѓе, Loreen дури и ќе разберам, мислам знае да пее жената иако мислам дека самата песна не е ништо посебно, но Израел??? Толку потпросечен настап, вокални способности и песна, I can't understand the hype... Нема никогаш да биде Елени од 2018 (или 2019?).
Бејба ваква таква ама заразна и е песната поготово рефренот, а и она е убава така да мислам ќе влезе.
Не ни треба да биде Елени, ама ја збесна публиката. Буквално цела сала ечеше U NI CORN. И тоа е тоа што е најбитно. И мене не ми е во топ 10, ама тоа не значи дека не го бива девојчето. Буквално како да гледаш настап на некоја церемонија беше. Песни како Фуего, Slo Mo и еднорогов секогаш поминуваат добро пошто едноставно таква си е публиката, си сака поп диви. И нема да ми биде евровизија тоа тоа ако нема некоја таква претставничка да ги мрдне сите. Тамам си е Ноа. Вечер и Ерменката ќе напраи парче, ќе видите.
Јас искрено нејќам да победи Лорин, стварно изгледа моќно и победнични настапот ама еднаш победи и не ми е фер некако сега пак да победи, барем јас така мислам.
Ама Елени и Шанел не измислија dance breaks, не знам зошто секој мора да биде споредуван со нив, ова нонстоп се дешава. Инаку fun fact: песнава на Израел е направена *специјално* за Евровизија, од истите луѓе што ја правеле Toy на Нета, и двете песни биле направени за победа на Евровизија. Е сега, јас не мислам дека ќе успеат да победат годинава, туку ќе се пласираат топ 10. Настапот, концептот, пеењето - се е top notch. Единствена замерка што јас ја имам кај повеќе настапи но особено кај настапот на Израел се камера аглите. Многу статично на моменти кога не треба да е статично.
Фаворити вечерва ми се Австрија, Грузија, Ерменија и Словенија. Грузија ако не влезе во финале I'm gonna throw hands.
Леле Грузија да!!!! И девојкава ми е преубава и песната. Нешто wicked и чудно ми има, лагано може хитче да стане.
Грузија секогаш е потценета на Евровизија од televoting, стварно се плашам дека тоа ќе се деси и годинава.
- Армениа - Австрија - Словенија Овие 3 едвај чекам да ги видам, а потоа: - Кипар - Данска (чудно симпатичен ми стана и дечкото и мелодија), - Полска и Англија ( од љубопитност и сеир) - И Романија ( песната не ми се допаѓа, ама дечкото ми делува налудничав, во позитивна смисла, па сакам да го видам на сцената) Другите ги немам нешто загледувано, таман вечерва.
И @staycalm, на тоа мислев кога реков за Елени, као поп диви кои се секси и танцуваат е шаблон кој добро поминува на Евровизијата и плус мене ми се допаѓа, но она е стварно, стварно лоша, едноставно cheap покушај, така ја гледам.
Значи едвај чекам да ги видам вечерва Словенија и Албанија, моите 12 - ки за ова полуфинале Ако не влезат во финале, веќе имам авионска карта за Ливерпул вечер на полноќ, лично ќе отидам да се расправам.