1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2023

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 15 мај 2022.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Јас не сум за да се откажеме од Евровизија. Тоа ни е единствена прилика, да не чуе светот, по нешто убаво, настрана она што за нас е својствено, трагедии, жртви, вечни спорови, корупција, беда.

    Мора да смениме пристап, само будала може да иде нон стоп со истата “тактика” а да очекува поинаков/подобср резултат.
    Европа има чуено доволно поп/рок, редно е етно звук да вметнеме, гарант убаво ќе котира.
    И овој муабет треба да го прават оние кои земаат пари за тоа, а не да чекаат Мај да дојде да шетнат низ Европа на државен грб.
    Нема резултати, менувај тим.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, MoNiToDi и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Тоа какви песни вади нема врска со Евровизија, песните каде што гласот и доаѓа до израз и се помалку слушани, заради прегледи, популарност и заработувачка ориентирана е кон музиката која сега е популарна на Балканов, едноставно се приклучува кон толпата.
    Не верувам дека би одбила, ако и се даде шанса, со убава песна и тим со која ќе има што да покаже/ Жално е таков глас да не се искористи.

    Убав глас е и Лина Пејовска, backvocals пее на песната од Црна Гора, Breath.
    *од младите ако гледаме

    Инаку имаме добри пејачи и постари и помлади и не толку познати, само ни треба добар целокупен тим, што за песна, што за сцена, што за односи со јавност, итн. итн....
     
  3. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Машки
    Инаку да се искажам во врска со нашата делегација. Мислам дека премногу луѓе присуствуваат во неа. Се сеќавам дека во 2019 во делегацијата беше мејкап артистот на Тамара. Не ја гледам причината тој да биде таму, а сигурно на државна сметка. Со Јана Бурческа и со нејзиното запросување, беше и нејзиниот сегашен маж кој верувам дека отишол со народни пари. Тоа не е во ред.
    Нека се намалат на половина барем. Најмногу ме нервира онаа Мери Попова која и покрај толку незадоволство од народот, пак се прави наудрена дека се било во ред и која употребуваше навредливи зборови за некои личности поради критики кон организацијата.
    Под најитно треба да се промени евровизискиот тим од наредна година ако сакаме солиден пласман. Земете ги како пример другите држави. Откако тие ги променија тимовите, драстично се искачија на врвот (Франција на пример).
    Еве дури и во соседна Србија и те како се спремаат на големо. Едноставно знаат да направат избор и шоу. Ние бевме очајни оваа година. Ниту ја слушнавме Андреа како отпеа поради тоа што немаат озвучување, ниту другите. А да не ја заборавам измамата во гласовите со претходно снимени видеа од странци.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    37.948
    Пол:
    Машки
    Да, затоа секој перформанс има црн полукруг во позадина. Тоа е кинетичкото сонце, кое од едната страна е со лед ефекти, а од другата со светлосни. Тие го фиксираа на светлостните, иако беше предвидено да ротира на сцената (како во неколку interval acts).
     
  5. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.793
    Допаѓања:
    46.393
    И јас би станал кога некој инкогнито новинар би ме прашал дали тоа што го правам(провокативни слики на Онлифенс), го сметам за легална проституција.

    Јас не ја слушам Дијана, ниту го почитувам тоа што со Луна се ругаа кај ќе стигнат за еден мочан дечко, ама ај слушнете како брзо, течно без аутотјун рапува и кажете ми еден подобар рапер од неа што се случил на нашава сцена? Девојката има талент.
     
  6. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.349
    Eпа не може без пари да се организира добар настап и салам костимографија...
    Со гол г'з, риби не се ловат .
    Сеа ние сакаме се да биде на нивоУ, ама народни пари да не се трошат.
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    :lol:
    бидете среќни што и до толку знаат англиски, остатокот од италија тешко дека и зборува англиски :lol:

    цел живот се у филм дека италија е д бест, и дека италија е само италија.
    И шо да ви кажам?!

    а немаат поим колку им се смеат од надвор.

    јас како вокал ја сакам гиговска, толку моќен глас има девојката значи.
    Ме има расплакано.

    иначе ми се допаѓа песната на украина.
    Се сеќавате на руслана пак?
    Песната топ и беше.
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ама затоа ништо не се слушаше, а тоа да не речам најбитно. Ако си ги исправат недостатоците, може да се искористи Торино уште еднаш.
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Не е баш така. Си го почитуваат јазикот, а и во самата држава имаат неколку јазици кои се официјални и многу малку се изложени за туѓи јазици, бидејќи сѐ е титлувано. Незнаењето јазик е природно. Лаура не беше лоша, и имајќи предвид дека е толку мегапопуларна во Италија и земјите од шпанско говорно подрачје, просто немала потреба да се усоврши. Поголем проблем е што немаа харизма, и природност слабо, ко за телевизиски личности.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    41.816
    Пол:
    Женски
    Ако размислам би рекла да го пратиме Виктор. Со нов МРТ тим. Пак со забавна песна ама овај пат со добар текст. Мислам дека на сцена ќе се снајди добро, а и самоуверен е (шо можи да е добро или лошо). Убо пее, убав е, опуштен, комуникативен, одлично владее англиски, од Битола е.
    А можи и во дует со жена, хм. Нешто како ланската Адреналина. Барем да влезиме во финале.

    Ако целиме кон победа, немам идеја. :D
     
    На sj *O*, Glowy, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Затоа што Евровизија е на ЕБУ, тоа е фестивал на националните сервиси.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    Роднини нешто сте со Виктор? :D
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    41.816
    Пол:
    Женски
    То би било чудно...:$
    Немаше за Андреа да гласам ако бевме. :rofl:
    Немам идеја за друг, ама ќе размислам, досадни ми се и многу здрвени.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    јас живеам во италија 15 години.
    Не би рекла дека е природно да не се знае англиски кога е прв светски јазик, туристите? И се останато?
    Баш оти е популарна и личи и треба да знае добар англиски бидејки има публика и настапува и е поплурна и вон италија. Има убави песни жената сум ги вртела со години наназад исто ко кај нас црвена јабука здравко чолич… и ден денес се слушаат нејзини стари песни.
    Убаво е што негуваат да, но не е убаво да си перципираат дека италјански се збори вон италија оти воопшто не се збори ко што се збори англиски ни приближно.
    Зборот ми е дека грото свое почитуваат (што е за чест) меѓутоа туѓото го плукаат и исмеваат.
    Секоја чест на искучоци и ги има фала богу, зборувам генерално.
    Од толку што им е попларна земјата (што и е и е навистина така) имаат изградено стршни карактери дека италија е топ во светот и италјанскиот но пак ќе кажам ниту е само италија топ ниту италјанскиот, обично луѓето што не прошетале надвор од своите граници па и градови (региони) имаат набиено страшни комлекси што не чини за нив бидејки немаат видено друго ништо.
    Јас имам меѓудругото многу пријатели што патуваат и што живеат и ќе кажам секоја им чест.
    Ми боде очи туѓото што го гледаат а го исмеваат а немаат меѓувремено излезено од италија да прошетаат и да видат дека и надвор од италија имало убавини од секој аспект.

    нема да им го заборавам поразот и јавното исмевање на тв за македонија, а да било само тоа….
    Ама еве пример.
    Се служат со ниски зборови и коментари вака генерално.
    Фактот е тој, јас имам икс луѓе, во мојот живот имало луѓе што доаѓале и спиеле кај мене меѓутоа сакам да го доловам генералното за нивниот народ.
    Не се далеку од нас околу менталитетот. Факт е.
    Меѓутоа ние барем знаеме англиски а и се трудиме. Реално.
     
    На sj *O*, Bratot, Elenpelen и 2 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Да дополнам. И тоа како се изложени на туѓи јазици, англискиот од секој еден турист од милиони туристи што врворат овде, на сред центар во милано во хотел рецепционерка не знае баш да објасни да моја братучетка од америка тоа што бара а и меѓутоа плаќа дебела сума за тој хотел. Морав јас да ѕвонам а ако не бев јас? Вика не можам да се разбирам бидејки не знае да ми објасни.
    Исто така се изложени на германски јазик а не знаат ниту еден збор додека германците знаат и зборат течно италјански јазик.

    јас не можам со нив да се објаснам дека шпанскиот и италјанскиот имаат неверојатни сличности тие викаат дека скоро и да немало. Од тука ќе почнам. Јас благодарејки на шпанскиот јазик овде кога дојдов скоро па се ги разбирав неверојатно се слични ама…
    Да не одам оф топик.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    37.948
    Пол:
    Машки
    Фолтин?
    Само шо може да биде или топ или флоп :D
     
    На Bananki023, kolovoz, Abel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    Извини, ова ми е многу смешно.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Ама не се смеј. Има луѓе за греота се, сум наоѓала за жал многу такви. Се чудат и после еден ми вика абе стварно? А? Или ааа можно е, можно е, не сум знаел?!
    Сама ќе се испратам :hai: :rofl:
     
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Изложени се преку туризмот и толку, изложеност мислев како кај нас, фонетски странски јазици малку слушаат поради титлувањето. И познато е дека припадниците на романската група јазици потешко усвојува јазици како англиски, германски. Од аспект на лингвист, италијанскиот и шпанскиот се слични колку македонскиот и словенечкиот.
    пс. Лаура не зборува лошо англиски, секако подобро зборува од повеќето. Многу е тешко за романист д апотрефи таков тврд изговор, не беше лоша. Харизмата е друга работа.
    ппс. Италијанскиот е многу учен јазик, па само кај нас знаеш колку студенти има катедрата? Секој Македонец може да си има приватен професор само за него. Меѓу другото, го развиваат и тој "јазичен" туризам и супер инкасираат од тоа.
     
    Последна измена: 16 мај 2022
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    41.816
    Пол:
    Женски
    Можи да се проба, мислам сценскиот настап ќе е клучен. И помалку хејт од народот наш ќе добијат.
     
    На Bananki023 и Ahoy им се допаѓа ова.