Не е лоша идеја, ама со некоја кабаре музика како на првиот албум Donkey Hot. И да не се лажеме, најпрекрасниот човек на свет да ја испее најпрекрасната песна, ќе му најдеме маана
Не, нема потреба да си одиш од темата, мислам, оф топик сме, ама право збориш. Јас благодарение на шпанскиот, ги знам и италијанскиот и португалскиот, а разбирав и добар дел француски пред да почнам да го учам. Каталонски исто така е многу сличен и без потешкотија се совладува. А романски на пример, слабо се разбира, иако припаѓа во истата група. Само што, сум била во Италија и сум немала непријатни искуства, ама ти си таму долго време и ти верувам. Во Италија има многу комплицирани дијалекти, тешко разбирливи за останатите Италијанци, па не ме чуди ако не разбираат шпански.
На евровизија одамна не е во преден план вокалот, да има улога но многу по битна е различноста, приказната поентата според мене Тамара треба пак да иде
Јас сметам дека треба една подолга пауза да направиме. Ме нервира што нашиве си мислат дека е доволно само вокалот да излезе на сцена и готово завршиле работа. Какви ефекти, каков сценски настап. Овогодинешниот настап беше врв на мизеријата. Што дека Андреа испеа убаво, не велам дека требаше во фустан да ја облечат, ама има куп идеи и посоодветни решенија за како некој да изгледа убаво на сцена, во исто време толкава празнина се создаде што не е криво девојчето што не можеше да го пополни просторот. Тоа особено се виде со Јана. Песната беше супер, вокално додуша многу тивко, ама сцената катастрофа. Нека си го променат тимот, на моменталниот рокот на траење е веќе испарен. А од друга страна, со оглед дека е се политички, а ние сме една од најгревните земји во Европа, нашето присуство и отсуство е скоро па и незабележително. Ако го решат спорот со Бугарија, на наша штета, типувам одма ќе влеземе во финале. Победа не очекувам никогаш, ама подлажување со влегување во финале и некое 10 место е загарантирано. Искрено би била посреќа ако тие пари се пренаменат за лекување на лицата кои бараат средства преку донации. Немаме за нив, ама за учесници кои ни носат само срам, прават кардинални грешки, притоа народот е гневен, имаме. Да си го негуваме она со што се гордееме. Во последните години, спортот во Македонија изненади. Тие се вистински амбасадори. Таму треба да се инвестира и стимулира. Барем таму политички ништо не можеш да наместиш. И уште нешто, ај што конечно годинава, народот наводно имаше удел во изборот на песна, ама навистина испадна нефер што неговиот збор не беше примарен, туку на пар странци. И ете, останавме во полуфинале, со фрлено знаме. Барем навистина да се слуша гласот на народот. Глупава песна глупава, мнозинството се одлучи за таа, она што го финансира целото евровизиско учествување. Не знам, мене ми е малку преку глава од самата евровизија и скандалите со нашите претставници секоја година.
Сериозно?! Јас благодарение на италијански, шпаснки разбирам и се имам со шпанци разбирано, сериозно, а и тие мене ме разбираа. А и француски ако е во пишана форма горе-доле разбирам. Знаев дека италијаниве се уфилмани, во доста групи сум на фб, ама не мислев до дотлку
Обично ко ќе видам дека некој сака пауза тешко ми паѓа ради таква потенцијална реалност, ама после сликава ми е интересно.
Сериозно мислите дека ако не одиме на Евровизија парите ќе се пренаменат во хуманитарни цели и нема да завршат во нечиј џеб? Што се 150.000 евра од Евровизија? Ситниш. 500.000 евра нѐ чинеше прослава на Рамковен, ќе потрошат уште малку повеќе догодина на тоа, или на фстаци, лешници и нов прибор у Влада и готово. Да сакаше некој у државава да помага со државни пари наместо да си ги искористи за себе, ќе помогнеше. Не беше постов конкретно само за тебе, не те напаѓам тебе, ама на секаде читам вакви коментари. Зошто нема вакви коментари и на други објави за коишто се трошат вртоглави суми? Битно Тамара ги спомнала амбулатните возила, а тоа што некој не го продаде мерцедесот за коишто ветуваше дека ќе го продаде за да ги купи истите, нема врска. Премногу навлегов политички, ама реалноста е таа. Полесно е да се впери прстот во пеачите за кои едвај се чека да направат грешка, отколку кај некој друг.
Па и не така мала сума за да се покријат барем две лекувања. Дека ќе се пренаменат, нема. Чисто коментирам што би било подобро. Знаејќи каде живеам, каде секој гледа што попрво да украде, тоа ќе остане само на неисполнета желба. Инаку не е дека не сум бучна и за останатото несвојствено трошење. Но, јас поединец што да правам, освен на избори да заокружам нешто подобро од полошото. Туку веќе кога се троши, на што одат парите поточно. Зошто секој пат нашата сцена е најлоша. Тие коментари не ги даваат само македонци, туку општо гледање и од странци. Не е ова настап во клуб или дискотека, па нема потреба од никакво сценско спремање. Или во најмала рака, се се крадени идеи, што веќе некој претходно ги користел. Ќе преживеам ако не настапуваме. Барем нека го прават тоа како што доликува за она што се финансирани.
Ја не сум за целосно откажување од евровизија . поготово не заради некои пари кои се патни трошкови за 5 пратеници , само мора да се сменат некој работи .Македонсата музичка сцена е скоро мртва , барем на овој начин може некако нов талент да се пробие , како xxl кога не преставуваа. Само не може некое си жири секогаш да си ги мести некои кој на нив им одговараат, жирито треба да ги одбере најдобрите 5 или 10 песни и македонската публика со гласање да си одбере кои да ги преставува , и секако со краток курс како треба да се однесува победникот кога ја преставува целата држава
Нов скандал за мамење на Евровизија, Романија тврди: Не и дадовме 12 поени на Украина! https://a1on.mk/magazin/nov-skandal...anija-tvrdi-ne-i-dadovme-12-poeni-na-ukraina/
Ма само оваа, после си праиш пуканки и чекаш у првите 3 саати бугарски наслови: Македонците препејуваат бугарска приказна и историја! У првите 24 саати грчки: Северна го користи името Македонија! После 48 саати: Плаќаме казна 15.000 евра за мешање на лажна историја и политика на Евровизија.
Годинава стварно се бев разочарала од Евровизија во Италија. Некако премногу ми беше исполитизирано. Исто според квалитетот на песните, ова е една од најслабите евровизии досега( барем според мене) Настрана од тоа. За нашиов избор, годинава мислам дека беше организиран добро. Барем во поглед на гласање. Имавме странско жири, кое што е одлична новина според мене. Одсекогаш сум мислела дека жири составено од македонци не треба да избира песна, бидејќи тогаш шансите да биде местено се големи. Случајно или не, секој со секого се знае. Така да ако јас би анализирала, мислам дека МТВ годинава направи добра организација за гласањето. Тоа што беше слабо годинава, беа самите песни, и незаинтераноста да се потрудат и да направат нешто нашиве пејачи. Лара имаше катастрофа песна. Виктор немаше текст ( делуваше како да не се потрудил воопшто) Овие другите не ги ни памтам Во такви услови Андреа со просечна песна заслужено победи. Да скратам, за следнава година, сметам дека треба да остане истиот начин на избор со странско жири, и самите композитори да се потрудат и да направат нешто подобро. И се разбира да има поголем број пријавени песни. Барем 10 композиции. Верувам дека овој модел е успешен и ќе ни донесе успех
И официјално, Украина нема да биде домаќин на Евровизија 2023. Со ова, ќе се бара друга соодветна држава која ќе биде домаќин, а тоа најверојатно ќе биде Велика Британија со BBC.
Очекувано беше тоа. Сигурно дека нема да оддржуваат ваков настан додека имаат воена состојба. Не знам што си мислеше Зеленски кога велеше дека Евровизија ќе ја одржувал во слободна Украина. Ама по секако, Русија и Беларусија нема да учествуваат затоа што не се членки на ЕБУ.
Украинците не се сложувале идната година манифестацијата да се одржува во Британија, сакале да бидат домаќини, ќе треба сите присутни со шлемови да седат