Тапа годинава… Едино на Британија ми е влезена у глава, и тоа сум ја шазамнала од радио уште пред некое време, сеа укапирав дека е евровизиска. Само нив ќе ги издвојам, се друго ми е мех…
Британците сами си ја бојкотираа претставничката. Некои delusional фанови измислија дека Рина Сауајама(пејачка од Британија) ќе ја преставува Британија затоа што имала дупка во турнејата баш овој период. Кога ја претставија Меј, сите беа lowkey разочарани и со тоа промо што го имаше, требаше да има доста повеќе прегледност и слушаност. Иначе, пред почеток на финалето, да си кажам дека останувам на истото дека најголеми музички фаворити ми се Шведска и Финска, додека визуелно како настап ми е Израел. Кипар е ѕвер на сцена, ама кога ќе го отвориш на инстаграм, сфаќаш дека е од оние пејачи што рандом урлаат пред камера, така да... Ик. Вечерва со други очи ќе го гледам. Има доста фини песни годинава, така да, мислам дека треба ептен да утнат за да ме изнервира победата.
Ќе ми биде е забавно,не дека нема досадни песни ама нема да е како првите две вечери. Избрано е се нај а ние како спремни коментатори тука сме и чекаме да почне. Кој коментира кај нас годинава на Тв? Претходно гледав лајф стрим на јутуб и на Ртс втората вечер . На тикток само Финска и Хрватска ми излагаат Мојот фаворит за победа е Финска,Моладавија... а кога ќе преслушам ќе кажам пак и други Спремни сте виеее друштво
Не знам што е поентата Loreen пак што учествува, кога веќе еднаш однесе победа во 2012 година. Боље на други млади таленти да им дала простор да учествуваат!
Се знае кој е во трка за победа, Финска или Шведска. Искрена да бидам, некако веќе ми е здосадено од нив, колку и да се добри или не. Годинава едвај чекам настапи и да речам дека ми се фејворит се: Кипар, Србија, Норвешка, Арменија, Словенија, Франција, Португал (Мимикат ми е супер позитивна личност и повеќето од фаворитите ми се поради самата личност на изведувачот), Израел, Австрија.. Франција е предобра, малку само ме иритира тоа нивното La viva France, ама сепак ми е една од омилените. Шпанија е еден од фаворитите за првите три места, ама колку и да е моќен глас, воопшто не можам да уживам во тој стил, напорна ми е. Генерално, мене ми беше супер евровизија годинава, има разноликост и тоа е она што ми се допаѓа. Ми се допаѓа неизвесноста и целиот тој процес до самата финалната вечер. Затоа сум многу против фаворитите како Шведска што беше од самиот старт. Лорин уште не победена на нивниот избор, веќе ја прогласија за победник на евровизија. Ваљда тоа многу ме дистанцира од самиот нејзин настап и тоа да не ми е миленичка.
па не е прв пат победници повторно да се натпреваруваат, иначе и мене ми нема смисла башка што повторно ист стил на песна
Ми се допаднаа Финска и Молдавија, Финска ради комичниот настап, енергична музика, ча ча ча каква што не сме слушнале до сега, на крај забавува ритамот и стварно интересно звучи, а Молдавија ми се допадна ради што си пеат на нивен мајчин јазик и тоа прекрасно звучи, етно елементите, во некој пагански и племенски стил.
Зошто, Кечапе, зошто, можеше да поживее фантазијата. Германија едвај чекам да видам настапот, Албанија што и требаше да коментира, што не си поќутат и не си гледаат за што дошле.
Не знам кога ќе се приберам, ама се надевам ќе фатам нешто бар од средина. Секако моите фаворити се втора половина . И срам да ви е што не ми ги сакате Џермани и сестре.
Германија многу бргу ми здосадува да ја гледам ( и слушам), буквално првите 30 сек ми се интересни. Чешка не знам, не ми се свиѓа јазикот
Ви текнува на овие победнички песни ? Малку офф топик ама си се присетувам ,даваат на Мрт1 кои победувале досега.
Finska i Norveshka mi se omileni. Finska - sekoja chest za pesnichevo, kreva raspolozhenie vo dozhdlivi denovi. Vreme e za nova pobeda po 17 godini. Norveshka mi oddava Viking i gothic vibes. Drugite ne znam, da gi islusham vecher ushte ednash i kje sostavam top 5.