прочитав некаде дека е против правилата на ебу и постои ризик да биде дисквалификивана(мада неверувам да се случи ) поради тоа што во песната пеела за друга земја (косово ) што е строго забрането.
Аман веќе и со Евровизија и со правила и непочитување на истите. Секоја година скандали и скандалчиња МОРА да има, не ги бива без тоа. А на крајот ништо, кој победи - победи и завршена прича, се заборава што се случило. А толкава фама се крева...
Јас текстот го прочитав, беше споделен и никаде не прочитав дека се работи за друга земја, нешто беше за разделба..
Да не биде дека не сум ви го кажал песничево од националниот избор на Хрватска за годинава, потенцијален хит ако биде избрано: А на тема национални избори, Србите годинава ќе одлучуваат меѓу 32 опции, на 4ти март. Изборот е следен: *песните не се објавени сè уште.
Мене само оваа ми се допадна за на Евровизија. Уште две се онака, да кажам океј, ама немаат никакви шанси за било каков успех.
Дали Норвешка ќе ми ја исполни желбата и ќе ја избере Алесандра? Најверојатно не, скоро никогаш не се бира мојот фаворит, ама оваа убавина не може да не ја видите!
Ја имаме третата песна за годинава. Белгија Колку лош почеток, Албанија, Белгија, Украина е добра ама имаа многу подобра. Делува ко да се натпреваруваат кој ќе прати побезвеза песна.
Ццц колку глупи песни, ау! Па и оваа од Хрватска, веч виџено, голема работа ако ја испратат. Досадни сме со тие етно елементи ние балканците. Нешто и српскиот избор некако, хм... Мислев Сара Јо ќе се врати, ама ништо. Не сум превозбуден, иако одамна чекам да глеам Беовизија или како и да се вика.
Ги слушнавте српските песни за нивниот национален избор? Имаат добри потенцијални хитчиња. Може да ги слушнете сите 32 песни на Јутуб. Меѓу фаворитите се Filip Baloš, Hurricane, Luke Black, Anggelina, Zejna, Savo Perović, Nađa...
Освен Luke Black (секако, со добар настап) никој друг нема шанси за висок пласман. Мое мислење е дека би влегле во финале многу од нивните песни, ама ќе завршат на десна страна од ранг листата.
Шпанија годинава има убедливо најдобар национален избор, почнувајќи од организација, сцена до претставувачи и песни. Мислам дека е голема веројатноста оваа песна да ја претставува Шпанија: Дефинитивно како аудио не ми се допаѓаше, ама овој настап е инзвонреден. Без зборови останав синоќа кога го гледав второто полуфинале на Бенидорм Фест, светлосни години подобра е од другите. Имаат уште 2-3 песни со високи шанси за победа, ама мислам дека ова ќе биде изненадувачка победа.