Многу ми се свиѓа што за нас, балканските држави добро е ако имаме потенцијал за квалификација за финале, за победа нема зошто да се збори. За песната, ништо посебно не ми е мене. Али имаат потенцијал за влез.
Хрватска Тотално невпечатливи беа Хармонија Дисонанце со ужасниот настап, а ја имаа најдобрата песна. Ептен пропуштен потенцијал Латвија Данска Романија
Никогаш не сум ги слушала претходно, уши затнував ако некој ми пуштеше оти сакав прв впечаток да имам на денот на одржување. Ова година не издржав (лани не се сеќавам), лошо ми влијаете. Ама па има песни кои после неколку преслушувања ќе те бендисаат, а и општо можи позабавно е да имаш фаворит месеци уназад. Норвешка ми е најинтересна, само сакам да има помоќен настап, нешто поќе од боди и играње со рацете наредени една зад друга. Чешка исто добра. Нема доволно рапување на Евровизија. Италија, ако не победеше Марко немаше да гледам. Не сум фан на балади, ама ме бендиса и тој и песната...и тој. Шпанија гледам ја сакате, ќе треба да и' дам втора шанса, немам мислење уште. Жениште е, ама не знам дали песната е некоја шо лично би ја слушала на рипит. Хрватите најлош впечаток, вришти Балкан. Ова прв впечаток, можи ќе сменам мислење, не сум уште воодушевена од некој. Криво ми е шо не учествуваме.
Некако сега за сега ни една не ми остави посебен впечаток...онака. Додека излезат сите, се надевам ќе има подобри. Мислам дека требаше и ние да пробаме пак. А Хрватска ужасна на прв поглед, глупости. Иако може ќе го сменам мислењето, којзнае.
Веруј нема потреба да пробаме пак. Само се трошеа пари за глупости и за брукање. А и дефинитвно Евровизија не е тоа што беше .
Шпанија, моќна изведба, ама мене не ми е победничка песна, шо би ја слушал цело лето и понатаму. Хрватска исфорсирана оригиналност. Норвешка сега за сега, најмногу ме бендиса.
Мене Словенија и Италија ми се на рипит Словенија ми е фаворит, 10 поени Италија и на трето место Норвешка. Другото не ми се допаѓа нешто баш.