1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2024

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 8 јули 2023.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    23.937
    Пол:
    Машки
    Следната година ќе се одржи 68 издание на Изборот за песна на Евровизија. Натпреварот официјално ќе се одржи во Малме, Шведска, по победата на Лорин со песната Tattoo.

    Првото полуфинале ќе се одржи на 7, второто на 9 и големото финале на 11 Мај.

    Шведска по седми пат ќе биде домаќин на оваа прекрасна манифестација.

    Има гласини дека во 2024 и ние повторно ќе учествуваме во натпреварот, ако е точно, многу ми е мило, па да се надеваме на добар претставник и уште подобар пласман. :sun:

     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Еј баш супер доколку и ние учествуваме, некако оваа година не дека немаше еуфорија од моја страна ама некако фалеше натпреварувачкиот дух.

    Би можело некој дует со Пајак како таа што растурија на Макфест, Фанк Шуи се доста симпатични и различни, на други не ми текнува
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Јас сакам Лозано да не претставува. Популарен, искусен, одличен вокалист. Заслужува втора шанса после неславната 2013 година. Плус повторно Малме, повторно Шведска, после повторната победа на Лорин. :D

    Доколку биде избран, веројатно песната би ја правел истиот композиторски тим на Тамара од пред 4 години. Ако му направат добра, квалитетна балада би требало да добиеме доста поени од жирито, со оглед на тоа што наводно вокалот е една од работите за која тие гласаат. Е сега, веројатно од в година моќта на жирито ќе се намали на 30%, но јебига, тоа е. Во секој случај, мислам дека Влатко сигурно би влегол во финале.

    А од 2025 па натаму сакам да бираме преку „национално финале“, доста ни беше од овие неславни интерни избори, барем ќе имаме едно интересно entertainment шоу во годината. :) Па кој ќе го има најдобриот пакет нека оди. А и во никој немам доверба освен во Лозано дека при интерен избор може да направи добар производ. Затоа нека одлучува судот на јавноста, идеално без местенки и циркуси.

    П.С. Ах колку би сакал да ги изгледам македонските национални избори од 1998-2008 (а и самите Евровизии, со македонски коментатор). Имам многу убави и носталгични спомени од гледањето на нашите избори како дете. Но, тешко дека МРТ некогаш/во блиска иднина ќе ги постават достапни за гледање на интернет, за жал.
     
    Последна измена: 19 јули 2023
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    5.553
    Пол:
    Женски
    Ич да не се мачиме а воедно и брукаме, нема потреба од идење. Џабе трошиме пари. Воедно и најдобар претставник лично за мене до сега, не за Македонија, општо е Duncan Laurence-Arcade. Толку скромно само он и пијано, нит глупирање нит соблакање полугол, нит па форсирање на се живо и диво, совршен настап а и совршен вокал е дечкото. Ние немаме такви таленти за жал.
     
    На sj *O* и elimkd им се допаѓа ова.
  5. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Имаме такви таленти ама изгледа немаме режисер и креативни луѓе (performance designers) што би можеле да направат/да му истекне еден таков солиден/добар сценски настап. Секако, потребен е и осет за да се избере добра песна, МРТ како да ја немаат таа способност врз основа на песните што ги имаат бирано последниве десетина години.

    А иначе, па скоро сите победници низ годините се така добри, како Данкан, и сите го оправдуваат епитетот победник, на ваков или онаков начин. Шерифовиќ, Монескин, Џамала, Лорин... Рибак, Салвадор, Калуш and the list goes on.
     
    На sj *O*, elimkd и FreeToGo им се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    5.553
    Пол:
    Женски
    Па Украина баш и мислам дрка постхумано ја доби наградата. Воопшто не ја заслужи според мене. Затоа и Евросонг веќе нема поента се е политика, и уште ред други ствари вмешани. Лореен е и повеќе од телент од настап и се остало. Не знам јас искрено не знам кој е тој талент овде, и стојам на тоа да не праќаме никој.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    И јас мислам дека Калуш немаше да победат ако не беше војната ама сепак песната има квалитет (жанровски/стилски интересна, оригинална, има добар текст, претставија дел од фолклорот и културата на државата која ја претставуваат) и настапот не беше нешто нападен. Иначе за талент ќе се најде некој, барем да не претстави достојно, со поддршка на добар тим од нашиот јавен сервис. Не мора да победиме, за мене е доволно да се претставиме добро/достојно и барем да влеземе во финале/да бидеме во ТОП 15, за почеток. :D А тоа дека има многу работи вмешани во резултатите на Евровизија освен музиката, тоа е точно, ама што можеме да направиме.
     
  8. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Избран е првиот претставник за Евровизија 2024. Mustii ќе ја претставува Белгија. Знам 2-3 песни од пејачов од кои најмногу ми се допаѓа и многу ја сакам "21st Century Boy".


    :l:

    Може да испадне нешто одлично од ова. :)
     
  9. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Посакувам никогаш да не се заинтересирав за ова срање од настан. Ама што е тука е, за жал.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.485
    Допаѓања:
    78.334
    Пол:
    Женски
    На Фејсбук наидов на објава дека Македонија ќе учествува на Евровизија 2024. Од наши медиуми нема никаква информација и објава, барајќи, го најдов само ова.
    https://eurovoix.com/2023/09/15/mrt-budget-suggests-eurovision-return/
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.206
    Пол:
    Женски
    Не треба да се враќа. Македонија никако не придонесува кон фестивалот со своите нискобуџетни настапи. Еднаш во 100 години ќе одберат добра песна (2017), па ќе го зезнат перформансот колку што може да се зезне.
     
  12. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека нашите нема да го заборават белгискиот евровизиски претставник од 1990 година...песната се вика Македонско девојче и е посветена на неговата сопруга...

     
    На Purelove92, Bitter-Sweet и ilkagx им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.713
    Допаѓања:
    35.117
    Пол:
    Женски
    Не знам што им требаше пак да прифатат да учествуваат на Евровизија. За успех можеме да сонуваме. Треба многу пари да се вложат, а за МРТ тоа е невозможна мисија. Со тој буџет тешко да направиме нешто феноменално. А и сите знаеме дека овој настан е политика.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    23.937
    Пол:
    Машки
    За жал гласините останаа само гласини. Нема официјална потврда дека во 2024 Македонија ќе учествува на Евровизија.
     
  15. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Официјалната потврда за наше учество секогаш доаѓа од ЕБУ (при официјално објавување на сите земји учеснички), а никогаш од МРТ. Така што 100% сум сигурен дека ќе учествуваме, тоа уште од лани се знаеше + кога веќе имаат така напишано во нивната програма за 2024...
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.713
    Допаѓања:
    35.117
    Пол:
    Женски
    А кога официјално ќе ги објават? Нели рокот беше до Октомври за повлекување на тие што не учествуваат. За Австралија и Романија уште се преговара, ама што е со Ерменија? Некаде читав дека можеби нема да учествуваат заради војната со Азербејџан.
     
  17. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Уау, Марина Сати ќе ја претставува Грција. Можеби е конечно време за солунска Евровизија! 8)

    Песнава ја сакам уште од 2017 година:
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Па да, би требало месецов. Лани ова време веќе беа објавени мислам, уште средината на месецот се знаеше дека ние нема да учествуваме. Можеби се чека на Романија и Ерменија... Жално е ова со Ерменија. :(
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.713
    Допаѓања:
    35.117
    Пол:
    Женски
    И да учествуваме, џабе е. Немаме помош од државата.
     
  20. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Loreen is embracing her Moroccan roots! Прекрасна песна и преубав спот.



    Секогаш знае да направи добра песна! :l: