1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2024

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 8 јули 2023.

  1. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Машки
    Треба да се помириме дека никогаш нема да имаме јак пласман, ниту некогаш ќе победиме.
    Сите квалитетни вокали што ги имавме, ги испративме. Не велам дека нема други, ама и Селин Дион да си, веќе не е (толку) битен вокалот, ниту песната, колку политиката.
     
    На eliesaab, SummerGirl и Ace Cetvrti им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Машки
    Ако некој некогаш од МРТ одлучи интерно да прати артист од албанска националност, тоа ќе биде најлошиот момент во неговата кариера.

    Прво ќе биде линчуван артистот од самиот народ на база на националност (па нели имаме доволно Македонци, зошто Албанец и останати препаметни досетки).

    Второ по автоматизам од неколку балкански држави нема да добиеме поени, а многу е голема веројатноста Србите да го исвиркаат, исто како Адријан Гаџа.

    Што сакам да кажам? Како земја сме многу конзервативно и националистички настроени, не верувам Албанец/ка да прифати да ја претставува Македонија на Евровизија, а ако прифати тешко него/неа.
     
    На Curious cat и Ace Cetvrti им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Леле и Хрвативе не се таман, девојчево ни во потесен избор не влезе, она убитачнине глупости влегле (facepalm)


    Инаку ја хајпам Raiven на најјако

    jaz sam
    ti si
    Veronikaaaa :l:

    @staycalm абе арно и марсовец нека пратиме, пола Европа праќа свашта. Лорин е Мароканка, оној Махмуд од Италија што е? Ром? Украина црнец имаа еднаш :D

    Најголем проблем е што нашиве се лења пита за музика, еве ако знаеш нешто асално да извадиле речи. И тие што знаеа да направат песна не прават, младиве глупи песни вадат и ништо посебно, ништо различно, ништо квалитетно. Не мора за Евровизија, за нас нека е. Еден текст не умеат да напишат, не друго.
     
    На SummerGirl, Ace Cetvrti и KateKane им се допаѓа ова.
  4. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Махмуд е Египќанец по татко, Италијанец по мајка (Алесандро се вика). И Швеѓаните три години со ред црнци, за жал, пошто какви песни можеа да пратат тие три години. 2019 Norrsken, 2020 и 2021 Dotter... Мислам дека намерно беше праќањето на црни луѓе тие три години, да покажат дека се добредојдени во шведското општество и да покажат инклузивност.

    Леле тоа за Хрватите што го напиша да... Ама знаев дека мн подобри и поинтересни песни имаат испаднато, не може од стотици песни кои им пристигаат (за сите избори зборам) онолку глупи песни да биле најдобрите. Не сфаќам како ги бираат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Машки
    Гледаме ли Дора?
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.697
    Пол:
    Женски
    Гледаме.
    Сите сморови.
    Бејби Лазања заслужува да оди на Евровизија.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Сите подобро звучат и гледаат да не зафркнат.:D
     
    На KateKane, staycalm, Ace Cetvrti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Машки
    Сите звучеа подобро, само Марцела полошо...
    На Натали пак и направија техничка грешка...
     
  9. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Машки
    Па ако сакаме да ги заштитиме интересите на државава логично е да пратиме македонец, зар не?
    Не сфаќам како би испратиле припадник на малцинство со кое имаме конфликт, кои во 2001 ја нападнаа Македонија во обид за доминација на територии и кои си прават разни мапи на Голема Албанија во кои припаѓа и пола Македонија. Сум го заборавил Адријан Гаџа ама ајде, ете глеаш, сме испратиле.

    Инаку, Туна многу одамна даде изјава дека нема да гради кариера во Македонија и се префрли во Албанија поради поголемиот пазар + дијаспора. Не верувам дека би била заинтересирана.
     
    На christinnn и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Вака би гласал:

    12. A Tamburitza Lullaby
    10. Rim tim tagi dim
    8. Gasoline
    7. Tisine
    6. Voljena zeno
    5. Babaroga
    4. Slatke suze, gorka ljubav
    3. Vodu piti trizan biti
    2. Do mjeseca
    1. Dijamanti

    Бејби Лазања беше подобар вечерва и овој пат видов потенцијал за понатаму, нешто што некни не видов. Некои работи потсетуваат на Финецот од лани и се надевам ќе ги отстранат. На пример зелената боја за време на оној електронски дел, поарно нека стават розева/пастелна како лирик видеото што беше. Исто така танцот за време на тој дел ми е многу глупав, нека смислат нешто поинтересно. Тој делот со тапаните мислам дека камерата треба да биде фокусирана на тапанарот и да има огномет од горе да паѓа на ЕСЦ сцената. И други работи треба да се подобрат, посебно како што кажав кореографијата. Подобар флоу да има.

    Иначе иако на Тамбурицата би ѝ дал 12-ка сепак сум за БЛ да победи поради тоа што има подобра песна и поради хајпот па многу сум љубопитен како ќе помине на Евровизија. 12-ка сакам да му дадам на некој кој е 100% комплетен: песна, визуали, вокал, кореографија. И тој дебелиот што свири на тамбурицата ми е многу интересен. :)

    Да можев да гласам на телевоутинг ќе гласав еднаш за БЛ, еднаш за Ален Ѓурас.
     
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Машки
    Не.
     
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Машки
    Бејби Лазања е многу многу многу подобар вокално вечерва. За мене, апсолутен победник на Дора. Не гледам со ниту еден кандидат 100% влез во финале на Евровизија, само со него. И можеби дури и топ 10 во финале.

    За Дамир Кеџо не можам да опишам колку ми е жал. Најдобар вокал во последните 3 Дори. Ќе направам GoFundMe за да собереме пари да му направат убава модерна песна за на Евровизија.
     
    На KateKane и RainBow им се допаѓа ова.
  13. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Ех, интересите ние веќе одамна не ги штитиме и не ги штитат ни тие кои најмногу треба да го прават тоа. За жал. Евросонгот ништо нема да смени. И со сите наши претставници Македонци многу малку сме покажале нешто македонско, anyway, а никој не нѝ бранел да го сториме тоа.
     
    На SummerGirl и FreeToGo им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Јас сум за Лет 3. (fingers)
    Не ми се допаѓа песната на Бејби Лазања, ми вришти балкански звук од неа.
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Не мислам дека треба да гледаме на националност и етничка припадност, сè додека претставникот нè претставува во најдобро можно светло и гордо настапува зад македонското знаме на толку популарно натпреварување.

    На крај на денот, важно е кој ќе успее да не пробие меѓу тој натпревар таму, да бидеме забележани. Тоа е најважно на Евровизија. Во тоа досега, според мене, најмногу успеале Тамара, Калиопи и Елена Ристевска. Не мора да е победа, доволно е да нè видат дека постоиме, да се види нашето знаме на табелата со 26 - те најдобри. Да се види дека таму некаде постои некоја земја Македонија.

    Не одам далеку со примери, видете што се случува во Србија. Идејата им е никогаш да не отсапат од Евровизија, зашто се промовираат, затоа што осетиле што значат санкции и изолираност. Стојат на тоа дека ако имаат преставници на спортски натпревари, олимписки игри, и тн., зошто не би имале и на едно вакво музичко натпреварување.

    Не праќаат афирмирани артисти, имаат феноменален национален избор, ако не и најдобриот од сите, заедно со Санремо и Мелодифестивален, најпознати српски (и регионални) имиња што се натпреварувале не победиле (Аца Лукас, Неда Украден, Тијана Дапчевиќ, Сара Јо, Џенан Лончаревиќ...), само во последниве години, и веќе се откажуваат поради его, и да, браво за тоа. Преклани својот најголем успех во 10 години го постигнаа со дотогаш тотално непознат уметник (Констракта), лани исто Лук Блек беше no name за повеќето. Без местенки, со квалитет, на ниво.

    Во поглед на Евровизија цел Балкан треба да учиме од нив. Мене да ме пратат - ќе ме поддржат максимално. Каков хајп имаат само. Каков националнен избор со минимален буџет (за компарација, 1/3 од оној на Дора вечерва). Се отргнаа од обичното, веќе видено, одат уникатно и храбро. Секоја им чест.
     
    На KateKane, staycalm, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.945
    Пол:
    Женски
    Не можам, ќе се расплачам лет3 ако не отидат.

    Имате право да ме шупчите после, прифаќам :!:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Ако отидат они, пак ќе влезат во финале. Атракција се. :D

    Ми се допаднаа Дамир Кеџо и уште еден. Ама не ми текнува на името.

    Бејби Лазања :x
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Машки
    Дали е реално, водителката му рече "Па ево држим ти га ја сад" на Бејби Лазања :rofl:
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.697
    Пол:
    Женски
    Читнав некои интервјуа со Марко- Бејби Лазања ,баш е симпатикус дечково.
     
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.945
    Пол:
    Женски
    Браво.

    Со среќа и нека гази во Малме. Супер претставник ќе си имаме од Балканов.

    Од аутсајдер и не влезен првично со оргиналните песни, до апсолутен победник.
     
    На CameliaMiller, staycalm и Ahoy им се допаѓа ова.