Конечно имам фаворит и песна што ми се допаѓа на годинешнава Евровизија, колку и да не ја пратам - Хрватска! Ајде па со ваква разлика и до најважната победа во мај и Загреб 2025
LANDSLIDE Мојот ТОП 2 беше воедно и ТОП 2 на телевоутингот. Се надевам дека за Малме ќе ги сменат и костимите.
Ептен ми е мерак, ќе го гласаат многу фанови. Хрватска од што ич немаше среќа и цело време не се пласираше, последниве две години се powerhouse. Топ 10 мислам дека не им бега. И заслужено ќе е скроз!
Не ми е по мерак, ама добро би било пак да има Евровизија на Балканов. На кладилниците песнава е во првите 5.
Леле ова со поениве беше Овој девет, оној 15, и на крај 247! Предобро звучеше на крајов, баш опуштено по победата, се надевам ќе успее така и во Малме. Секоја чест! Сега следно Беовизија?
Е на Беовизија нема да биде вака очигледно кој ќе победи, многу ќе биде тензично а верувам и нервозно за многу од нас
Не бе, зошто. Што гледаш балканско во неа освен приказната за селење и фолклорниов танц во кореографијата? Обична поп-рок песна е.
Или Констракта. Баш ме интересира дали пак ќе раскажува песна. Лани и годинава Нека тролаат. Кога можат и други, зошто да не и они. Дечково ме потсетува на оној лани од Финска.
Ич не ми е криво што не погодив тука. Си пишав јас дека иако нив поише ги свиѓам дека и за дечково ми е мерак ептен
И јас мислам Бресквица ќе оди,поминува кај србите тој фејк патриотски набој па и кога не се работи за фестивал на народна музика или Гуча туку Евровизија.
Србиве моментално ми се мех. Словенците одличен избор, Хрватите со оглед што успаванки имаа, исто така. Лет3 ми се подраги, но драго ми е што сепак победи некој чиј настап држи внимание. Има такви кои ги користам како реклама пауза Не ми е мило што Стела не е влезена во финален избор на Дора, ама ок, ХРТ си плаче за малце промени. Би било добро и останатите што не биле одбрани да си ги објават песните, па нека е појасно малце како се бирани. На цела Дора жими Лет3 и Лазања задржаа внимание, и дечкото со гитара Винко ли беше? Што е најјако Лазања бил бек ап, а победи со толку голема разлика, секоја чест. Жал ми е ние, Босна и Црна Гора што не учествуваме, ама тоа е. Јас лично сакам кога асален праќаме од екс ју, си гласав за Констракта (и уште ја слушам). Ако пратат некој/а ала весели се српски роде... жалче. Годинава гласам за Словенија и Хрватска сигурно, тажно е кога нема за кого
Мислите ли дека имаме лик кој би можел да се снајде на Евросонг 2025та ама буквално во целата приказна, некое такво урбано ликче без предрасуди? Од вокал, до сценски настап, до приказна, до однос со новинари, харизма? Некако нашава сцена ја доживувам како доста затуцана, замислете Ламбиња или Лозановци да ги видите како им даваат интервју на оние фем, геј момци од wiwibloggs, ме фаќа кринџ од самата помисла, ради нашиве се разбира. Нашава естрада ми е уште некако левел Охридски Трубадури. Околу Евросонг 2024, се надевам Праскичка (Србија) нема да ја пратат, мн ми се смор Србите со ланиња, нуна неј и слични патриотски жалопојки, Констракта ми беше позитивно изненадување. Франција и Италија ми се фаворити годинава. Не знам дали е до јазикот ама рецепт од аптека да рапуваат, ќе ми биде топ.