^ И јас сум си помислил слично нешто во врска со Вивиблогс и Лозано/Некст тајм ама ништо страшно, едноставно ќе бидат фини и љубезни како и сите останати учесници. А Лозано веќе и има правено интервју со Вивиблогс. Иначе не беше спомнат овдека ама добра е песната и на Дурлански (Музика) од српскиот избор. Рап со труба во позадина.
Оваа Бресквица пее ко оваа со дијамантите, тоа е тој крештав глас. Како има 4,9м прегледи на јутјуб за еден месец? Рамонда песна ли е што ли е, како брбља пејачкава. Зорја е одлична, предобар вокал. И на Констракта не е лоша песната, ако има одличен сценски настап има шанси.
Лет 3 се класа над другите тролови, онакви мајстори во двонасочно тролање немало на Евровизија, плус се издвојуваат и по музички и артистички квалитет. Јас сакав пак да одат, ама се знаеше дека Лазањата ќе биде изгласан. А трол си е и тој, ама не е тоа тоа и најзаразниот дел од песната ми пара уши.
На РТС Свет и на Јутуб можете да го гледате првото полуфинале од Српскиот избор за песна за Евровизија, ПЗЕ. Сцената врв, браво РТС.
Одлична е сцената. Нема утка кај Србите. Знаат да направат добар фестивал. Баш ме интересира што ќе понуди Бресквица. Читам дека е фаворит. Хрватска втора на кладилниците. Замислете да победи
Зорја сакам баш во живо да ја слушнам како ќе испее. Во коментари на јутјуб го отупеа со бресквица господе боже, песната е ко од минатиот век. Eдит, колку лошо испеа леле, иста ко онаа со дијамантите од Хрватска, истиот очаен глас. Тешко со ваква изведба дека ќе победи. Не би требало, барем. И сценскиот настап тотално неимагинативен, орел, браво, уау.
Како и секоја година, така и оваа, воодушевен сум од целиот музички настан што е Pesma Za Evroviziju. Бресквица, ок вокално, мизерен настап, ниво Сан Марино со пејачка што настапува прв пат а брат и ѝ осмислил настап. Зорја, малку едноставна сцена, но ми се допаѓа концептот. Вокално перфектна. Филари имаше добар настап, вокално многу лош. Уствари во принцип повеќето имаат добри настапи (Бресквица не), но добри, ништо фасцинантно, ама вокално не се баш најдобри.
Ми се допадна Зорја. Другото Од Бресквица очекував нешто уау, ама лошо беше. Чудна работа што нема никој од познатите пејачи.
Ace Cetvrti calling: 12. Bojana & David 10. Filarri (дечково знае што прави, и лани имаше одличен настап и годинава. Фустанот, queer моментите, визуалите, се тоа беше 100% евровизиско. Лична и искрена приказна. Замерки што не го слече фустанот па за да ја претстави и својата машка страна и тоа што беше престатичен, иначе ќе беше 12-ка. Според мене еден од потенцијалните патници за Малме) 8. Ivana Vladovic 7. Kavala 6. Breskvica (she came and gave us nothing. Па ова е за Евровизија 2004, не за 2024. После настапов сигурно не сакам да победи) 5. Lena Kovacevic 4. Zorja (досаднооо. Уште полошо од нејзиниот обид од 2022. Ни настапов не ја крена песнава иако на голема сцена кога сите тие елементи би се зголемиле би изгледало подобро) 3. Hristina 2. Marko Mandic 1. Martina Vrbos (песната е никаква ама 1 поен за тоа што беа eye candy на вечерта )
Не е трол бе Бејби Лазања. Поради настапот делува троловски иначе песната е скроз ОК и би можела да постои и без Евровизија. Денес на рипит ми е цел ден неговата ИГ бој која е стилски слична и исто така одлична. @staycalm А бе и популарна е Бресквица. Не е само 'национализам'. Сите нејзини песни имаат милионски прегледи, 4М за неа можеби се најмалце.
Да видиме и Четврток Зејна како ќе се покаже, ама според мене Зорја е апсолутен победик. Целиот концепт, целата приказна, ми изгледаше како антихерој од стрип кој однадвор изгледаше злобно и студено, а уствари внатре се чува друг човек. На прво слушање не ми влезе во уво, ама вечерва после настапот ги запечати сите други. Мајстор, доктор за пеење. Не и се ни до коленици другиве.
Бејби Лазања ќе биде во првите 5 по телевоутинг. Ќе видите Тоа се бара на Евровизија. Исто како лани со Финска.
Па после хајпов веројатно ќе биде. Ама кладилниците не значат ништо, Малта во 2021 беше во ТОП 3, па едно време водеше за на крајот да добие само 47 поени од ТВ и после излезе информација дека самите си се кладеле. Фуего во 2018 овој период беше многу ниско на кладилниците (Бугарија меѓу првите 3). Кончита во 2014 исто. Плус Бејби Лазања е вокален хаос, Финецот беше бајаѓи подобар лани. А за тоа што се бара на Евровизија секогаш ќе биде мистерија. Од Салвадор до Керије - тешко е да се предвиди.
Не ми се допаѓа тоа што се дере. За кладилниците.... Знаат некогаш да утнат. Норвешка во 2019 (однсоно Кеино) беше околу 6то место на кладилниците, во финале 1во. Молдавија во 2022 беа 10 според кладилниците, а во финале втори. На Евровизија се бара глупирање.