Па е трол, на некој да речеме хумористичен начин ја трола хрватската очајна состојба, како и фактот дека ако се ЕУ, страшна емиграција имаат. Добар си е, само стејџ нејм му е глуп.
Резултатите од вчера сосема легитимни шта се мени тиче. За Зорја немам коментар. Беше вон таа сцена вчера, далеку некаде, подалеку и од Малме во мај. Секоја чест. 12 поени за вчера. 10 поени за No No No, изненадувачки добро бопче, внесе супер енергија меѓу другите. 8 поени за уште едно изненадување за мене - Бедем, толку софистицирано, едноставно, а моќно. Сцената и гласот сон. И уште 7 поени за Бресквица. Подобро пееше од очекуваното. Средно ефектно. И македонците се палат на песничкава, нека, патриоти сме свакако. Другите ги заборавив. Еј да, како на толкава "незаинтересираност" во Македонија за Евровизија сите знаат што се случило вчера во Србија (и тоа зборуваме за полуфинале, не за финале), стримот им е во Трендинг кај нас, заедно со Гнездо Орлово (имаме и навивачи од незаинтересираните за Евровизија )? Парадооооокс.
Истото го мислам. No no no беше баш слатка и симпатична песничка, супер ми беа децата и добро звучеа. И бедем ме бендиса ептен. Малце личеше на Loreen, ама сепак беше добра. А Зорја... Не само што таа беше во друга димензија, успеа и публиката да ја однесе некаде далеку, да се исклучиш на 3 минути и да отпатуваш во некој друг свет. Буквално ми беше како да присуствував на драмско дело, со вовед, заплет, кулминација и крај. Се имаше смисла, пренесувањето на емоциите во позадина на бимот преку мимиката, соблекувањето на облеката и вадењето на периката на крај, скршеното стакло. Се беше перфекција буквално. За вокал нема потреба да се збори, до коленици не и се другите. Бресквица... Мало е детено за онолку притисок и онолку очекувања од неа. Тоа што беше во сечија уста си зеде замав, ја изеде трема, и треба уште искуство за да може онаква песна на евровизија да пее. Стејџингот и стилот... Ужас, катастрофа. Таа во народна носија што веројатно кога ја креирале не им се живеело, тоа пердувите видени 100000 пати, венецот промашај, буквално го унаказиле девојчето. Тие во позадина истите движења од Лане моје, копија буквално, песна стара 20 години. Гитаристот што кур бараше никој не знае. Тој дедото се тресе, а нема потреба, не е таква песната. Единствено орелот што слета при крај и таа кога ги расшири рацете беше така повпечатливо, другото сето беше тежок фејл. Онаа песна ни во Србија не поминува, гледам и по коментари, а не па на големата сцена. Нека си проба некоја наредна година, оваа не е нејзина.
Јас сум од полугледачите на Звезде Гранда, да објаснам што е тоа Не гледам на ТВ, туку обично кога ќе стават на ЈуТјуб гледам со прескокнување, бидејќи нема баш ниеден натпревар од волкава големина и продукција каде што можат да одат и позабавни песни, тука се. Не слушам овие утепаниве турбофолкерски кафански ватевр музики, ама слушам останато и тоа го има речиси и повеќе во последно време. Зорја од таму ја знам и знам што може жената. Глас има... неспоредлив. Но оваа песна конкретно не ми влезе во уво, не ми е кечи, ниту ме наежи, ете ништо посебно не предизвика кај мене. Можеби затоа што знам што таа може, па очекував повеќе. Ако немаш погледнато, баш ѕирни ја на ЗГ, што може, и тоа пак во изведба на народна музика нели. Низ сите настапи е одлична, а во финалето ме наежи 200 пати. Можеби е до мене што очекувам такво нешто од неа, со тој глас да дигне кров на студио Останатите исто како на Дора, досадни ми беа ептен. Денес ли е второ полуфинале?
Изгледа ќе испадне овогодишен фаворит на PZE да ми биде Зорја, иако не ми беше само од аудио верзијата. Ќе видиме вечер како ќе се покаже Зејна (мој фаворит пред настапите) и Teya Dora, но мораат баш многу да се покажат за да е подобро од Зорја.
Нов апдејт за Израел. (Nobody asked) October Rain е одбиена. Израел има алтернативна песна Dance Forever, и таа е одбиена. Сега единствената алтернатива за Израел да учествува на Евровизија е радиодифузерот КАН да преговара со EBU за промена на текстот на една од песните.
Не знам зошто сами не си се откажат, кога буквално НИКОЈ не ги сака. Ќе се брукаат само, финале нема да поминат.
Не ме нервира толку досадното, етно песниче на праскичката со пискаво гласче, колку рајата која навива за оваков тип на песни. Нашиве доколку се сеќавате една година сакаа да го пратат Наум Петрески со Калиопи, со една дебилна песна ,,рум дум дум". Народов е утрипан дека фановите на Евросонг плачат за да го слушнат Наум Петрески или Некстајм со некоја слична на ,,Жал за Деспина", демек Европа да чуе како пеат Македонците. Навивам за Зорја, праскичката е топ за компиријада и за таква публика.
Ептен клалитетна продукцијава на РТС годинава Секоја година се подобри стануваат, веќе почнаа да ги хајпнуваат оние евровизиски канали (на you tube укуцувам пзе/беовизија гледам едно 10 интервјуа wiwiblogs) знаат србиве за пр (Колку ќе беше убаво и ние да имаме некој избор како нив, ама на нивно ниво, или барем слично на нив). Вечерва мислам дека ќе биде појасно кој ќе оди. Зорја најдобра од првото полуфинале вокално и сценски, моја омилена е Toya Dora, но тука е и Констракта. Бресквица, не ми е за Евровизија. Фаворит е да, најгледана и се, но сцената е преслаба, иако успеа ја испеа песната без фалшеви. Се мачеа некои во вторникот . Филари цела песна фалш. Бресквица влегува во финале ако победи сега, но некој пласман не верувам. Иако има фора да ја гласа дијаспората, посебно ако се паднати иста вечер со Австрија и Германија. (Прва е на трендинг таму) Едит: Хрватска до победа !!!
Многу, ама многу ми е мило. Прв пат од 1993, Хрватска е прв фаворит за победа на Евровизија. Изгледа дојде време Евровизија да се врати на Балканот
Првите 3 настапи ги пропуштив вклучувајќи ја и Зејна, затоа што дебилите од RTS не пуштија лајв стрим на YouTube па додека барам стрим шо ќе се пушти на TV завршија првите 3.
Пуштив да ја гледам вторава вечер на српскиов избор, па оваа Zejna ја има можда и најлошата песна шо ја иам слушнато во последно време, типично селски турбофолк, ми се стужи Ама ајде ќе гледам да ги чујам Џорџи, Констракта и Теја Дора. Иначе изборот на Хрватска ептен ми се допаѓа, изгледав неколку видеа со дечкото ептен е харизматичен и мил.
Можеби и подобро, ќе се изнервираше за Зејна, баш беше статична и имаше некој беспотребен reveal на почетокот.
Господе зошто толку дрндаат колку се досадни. Сакам на Констракта да го видам настапот и Луна парк не ми е лоша.
Џорџи беше одличен вокално, фина му е песничката, мислам дека ќе биде летен хит, мада и веќе беше вирална по тик ток. Сценскиот настап не ме бендиса, многу 2010 vibes. Теја Дора не е мој стил, има моќен вокал и сум поприлично сигурна дека србиве ептееен ќе ја гласаат. Моја претпоставка е дека ќе биде тесен избор помеѓу неа, дотичната Бресквица и Зорја