Да кажам едно нешто, воопшто не ми смета и мене дали некој е верник или не, воопшто не би го рангирал некого подолу ако е атеист. Ама овде станува збор за: Вештерка — лице кое се занимава со примена на натприродни или магиски моќи, со цел да се повредат или да им се нанесе штета на другите луѓе. Маѓесништво, во разни историски, антрополошки, религиски и митолошки контексти е употреба на натприродни или магични моќи. Волшепството ја одразува употребата на такви моќи со цел да се нанесе штета или да се повредат луѓето во некоја заедница или нивната сопственост. Во реалноста сум се сретнал со вакви работи и не можам да останам слеп и да мислам дека ова е само забава, entertainment. Смејте ми се колку сакате, ве сакам сепак! Ете Србија стварно флопна, откако го видов настапот очекував тоа да се случи. Ќе ги разгледам за брзо резултатите детално.
Колку од вас станаа транс кога победи Dana international у ‘98ма? Чисто ме интересира пошо еве нагло од скоро ви се наметнува ЛГБТ..
Омилен дел од читање наназад, ми се мислењата каде што пишувате "Сега сме ние", "Ништо не ни дадоа" и слично кога апсолутно не сме ние. Се похрвативме на една вечер and I love it.
“I broke the Code and I broke the trophy, trophy can be fixed but maybe Eurovision needs a little bit of fixing too…” - Немо на прес конференцијата
On a less serious note, ги видов сторињата на профилот на Евровизија каде што ги покажуваат реакциите на учесниците откако настапиле и се враќаат на бекстејџ. Сите екипи се гушкаат, само Хрватите дудовски си прават high five . Ако тоа не е балканска репрезентација, тогаш не знам што е .
Вечерва ја засакав Грција. За разлика од полуфиналето во финалето Марина даде се од себе. Мило ми е за Латвија дека не завршија последни, туку 16-ти, ОМГ! И дека 7-ми биле, а не 10-ти во полуфинале како што мислев. А Србија знаев дека е 10-та во полуфинале, т.е. така мислев и ете така и испадна. Мора да сменат нешто тие, две години со ред флопнуваат. А РТС се прават ко не знам каков национален избор да имаат... Би рекол се надевам дека Хрватска од в година ќе продолжат со праќање јаки песни и дека интересни имиња ќе им се пријавуваат ама не мора да значи, Србија по Констракта паѓа во бездна, Евровизија не се смена во квалитет по Монескин, Финска прати тотална глупост после Ча ча ча...
Во првото полуфинале прва била Хрватска. А во второто Швајцарија влегла како 4.Ерменија имала повеќе бодови од него. Ова е баш чудно гласање на жирито.
Израел победува во остатокот од светот и 2023 и 2024. Дијаспората гласа максимално. Хрватска трета каде што ние гледавме.
Ерменија осмоооо. <3333 Пресреќен. Португалија традиционално жирито ја вади и заради нив има добар резултат. Штета бидејќи заслужуваат да бидат поддржани и од ТВ, секогаш праќаат квалитетни песни.
Италија седмо - искрено кога ја чув песната првпат очекував lower ТОП 10 за Италија. На крајот сепак ми беше во ТОП 5, а после настапот очекував да се пласира надвор од ТОП 10. Меѓутоа сум пресреќен дека заврши во lower ТОП 10 како што првенствено си мислев. Love heeer. Настапот беше лош ама барем гледавме убави задници. Норвешка коишто ми беа први пред Евровизија завршија последни. И ич не ми е гајле зашто навистина настапот им беше лош. Не заслужуваа толку ниско ама пак и не очекував дека ќе бидат заприметени од некој. Жал ми е што не се случи некој скандал во врска со Палестина и дискв. на Холандија, како со Хатари во 2019.
Народот препозна и глас и добра песна која и за 6 месеци и година ќе се слуша, сепак повторно жири лобито реши однапред кој ќе победи. Како на лента лупаа 12ки,веројатно по инструкции, а имаше барем 5-6 подобри песни и кореографии отколку Швајцарецот. Ама прочитав еден коментар од хрватите кој беше доста интересен: '' поголем педер беше од нашиот затоа победи'. Се на се гадотија годинава, кој бојкотираше, кој беше исфрлен заради' мешање политика', а друга држава мафташе со Украинско знаме, а не беше нивната матична држава, додека ционисти пееја како никому ништо,а публиката ја камуфлираа да не се слуша хаосот. Сума сумару овие барем 3 години кај доста држави расте револтот и бојкотирањето се повеќе и повеќе заради тоа во што се претвори циркузов. И на месечина да отидеш да пееш пак ќе е договорено. Треба одговорните за оваа манифестација конечно сериозно да седнат на маса.
Bambie Thug speaks to media after placing sixth in the Eurovision Song Contest. They said they are proud of Nemo for winning as a non-binary person. They said it has been “so hard and so horrible” behind the scenes. “The EBU is not what the Eurovision is. Fuck the EBU.” https://twitter.com/irishexaminer/status/1789451851865149794
Јас сум за враќање на 100% телевоутинг. Ирска 6-то од жири, 6-то од публика и 6-то на крајот = 6 6 6. Лооол. Речете дека е случајно!
Моментот кога Бамби ја дава круната на Немо :') Ова е Евровизија што ја знам – и покрај корумпираната организација, Евровизија секогаш ќе припаѓа на квир луѓето, левичарите, бунтовниците, борците за инклузија, get over it. Дури и да не ви е лично главен фаворит, песни од типот на онаа на Немо и Бамби се стандард fan favorites. Додека пак, дури и да ја тргнеме ужасната политичка агенда настрана, израелската песна е една од оние неоригинални приспивни балади за кои што фановите секоја година се жалат дека им се преку глава. Работите со телевоутингот ќе беа доста поинакви без масовниот бојкот и сите разочарани луѓе што кренаа раце од стриминг и гласање.