Со ова само се докажува дека сте бетер од тоа што сте биле дискриминирани, која е поентата на нешто што го спојува светот како музиката да мешаш вакви работи. Дојде време “нормалното” да е дискриминирано. И баш ова местење е контра ефект и уште поголем револт и мржња ствара.
Ко некој пророк сум. Како што предвидов, така заврши нажалост. За мене оваа евровизија беше една од најлошите, иако имаше 7/8 песни што апсолутно ми се свиѓаа, ебу дозволија на музичко шоу музиката да падне во втор план. Срамота што Израел зеде толку поени, срамота што им дадоа и од жири, срамота што се посраа на сите други артисти, срамота што немаа слух и ја утепаа Хрватска. Најголема срамота за дисквалификацијата на Холандија, за штитењето на Израел како бели мечки. За мене Хрватска беше апсолутен победник, Хрватска е она што е душата и срцето на евровизија. В година не знам дали ќе гледам, бар не со сиот жар и љубов како што сум гледала досега. Повеќе сакам музика, а не политика. А нажалост годинава музиката беше позади, а напред беа скандалите и политиката. А да, Норвешка последна. Не ги ни заслужуваме, тоа иам да кажам само.
Да знаете дека уште од сега се знае победникот в година. ЕБУ буквално имаат преголема моќ, кој тие сакаат да победи, тој ќе победи. Најверојатно не им звучеше добро Евровизија да се одржува во Загреб па затоа направија малверзации.
Да, сигурно таа non - binary победа била случајна, особено откако сред лајв пренос, после настап, водителите потенцираа дека изведувачот бил нон бајнари, само не се сеќавам дали беше за Ирска или Швајцарија. Може се десило и претходно, ама јас не се сеќавам на таков начин, сред шоу, веднаш после настап, ВОДИТЕЛОТ да потенцира нечие определување.
Одвај заспав сношти Превише се изнервирав за Хрватска. Апсолутно заслужуваме победа . Апсолутно !! И баш ми е жал Но ! Сега ја пуштив Швајцарија ,само да ја слушам ,без да ја гледам . И за чудо ми се допадна , и тоа многу ми се допадна. Некако заразна ми е . Ја ислушав сигирно десетина пати ! Маж ми немаше поима ни дека има Евровизија , па кога ги ислуша ( без да ги гледа ) и Хрватска и Швајцарија даде коментар дека заслужена е победата на Швајцарија Ама кога го виде Немо За малку што не скрши чаша Што е бре ова вика што чудо е ова Немо Барем Франција вика да победеше коа веќе не и дале на Хрватска. Што е тука е Догодина пак ќе гледаме , ќе ни помине нервозата и пак ќе се собереме тука . И уште еднаш да кажам Убедена бев дека догодина ќе одиме Загреб во живо да гледаме. Штета !!! Баш штета
Забавно беше како потврда каква е ситуацијата во Европа. Да се знае кој коси, а кој вода носи. Хрватска е вистинскиот победник и некако ми е мило што не ја овенчаа со прво место, којзнае на каков начин ќе мораше да го плати тоа. Сите што мижите на политички теми,сметајќи ги за банални, набрзина добивте геополитичка лекција...и тоа е нешто....
Следам евровизија од секогаш, како традиција ми е дека мора да се гледа и уживам. Ама не сум од овие фанови кои истражуваат, читаат, следат се до најмал детал. Секоја чест на таквите, тие се вистински обожаватели а и тука ве има такви и ми е мило што е така. Мене поинтересно ми е песните тогаш да ги слушнам, да ги видам и истражам изведувачите на прва-втора полуфинална вечер. Не ме интересираат многу неправдите, хаосот, кавги се што се случува позади, тоа што го коментирате повеќето. Еве синоќа се течеше како што треба. Тоа дека се меша политика и се фаворизира е друг муабет. Лани ми беше Караја фаворит годинава Марко, и иста судбина имаа на крај скроз исто се случи па победата ја однесе друг. Покрај Хрватска следен фаворит ми беше Швајцарија, песната ми е заразна лесно влегува во уво, певлива и ќе се слуша, знам. Не ми е галје дали носел сукња, хеланки, имал нокти шминка тоа така не го гледам ич. Времињата се менуваат и во никој случај не можеме да споредуваме евровизија сега и пред 20-30 па дури и 40 години. Земете пример од кај нас што немаме ниту еден пејач за да не претставува како што беа Владо, Тоше, Каролина... Жанровите, стајлинзите, сексуалната определба се ама баш се е променето. Ќе продолжам да гледам евровизија колку и да е хаос, голотија, педери, лезбејки и не знам што, штом се таму на таа сцена некој тоа го дозволил и е океј. До следна година
Аман, и лубеницата ли стана симбол на политичко определување Да не може чоек ни лубеница да јаде раат више. Се расипавте, аман За ова ми е најмногу криво, се друго ќе си дојде на свое место. И Лазања ќе има супер кариера и публика и се. Е нема евровизија во Загреб, ама последно кога победи Загреб не беше баш за машала, така што, пошто ги сакам хрватите, мене ми е таман. Пс. Требаше лани да победи Хрватска, ем по гаќи беа ем супер порака, ама тролале, вакви биле-онакви, уствари некому не му одговара мир, мама идем у рат
Ахх ...можеби во балкански рамки...дури и да се спакува како во песната, прилично е неверојатно за повеќе
И упорно гледате Прејако ми е да ви ги читам пресмешните реакции коа ќе победи некој ЛГБТ Просто на најјако се пуштате наредните 24 часа после победата
Па балканските ѕвезди се и онака за локална употреба, еден не ми текнува освен 2Челос да излегле подалеку од тие рамки. Како за анонимно дете, не е лошо ич.
Токму така...не е лошо за анонимно дете, симпатичен е и енергичен, а и доволно му е Балканот што го освои...
Дааа, истово го помислив. Тоа беше во првото полуфинале после Ирска, кога потенцираа дека оваа година Евровизија се отворила со две жени и плус настапил првиот нон бајнри артист. И ја бев Јао, која е американкава.
Такво манипулирачко с*ање е евровизијата години наназад, воопшто не е со првобитната цел. Мајтапи си играат со народите од сите држави.
Suma sumarum Za pobednička pesna e potrebno: Maž do 25,6 godini (čitaj peder ili i on sam ne znae što e, takozvani oni) Šljokici, mnogu, mnogu šljokici Roze sukjnjica/fustanče ili puder boja Pesnička u stilot na Štrumfeta ti dam ti dam ti dam Bunda a la jambolija isto bebi roze Beli hulahopkici I za svaki slučaj dve tri gologuzanki
A ova so trofejot mi e jako. Ne znam dali e karma deka e vo krivi race, ili pak go podelil na nea i nego
Дали само мене ми е мило што не тепаше Хрватска? Да, не дека не заслужило детето, ама цените у Хрватска би се набиле уште толку, би имало непотребни коментари Х, У требаше да победи, ќе имаше големи очекувања на секое поле. Овака баш ми е помило што е втор, како Каарија минатата година, позади кого стоеја и се‘ уште стојат многу повеќе активни фанови отколку Лорин. Кога ќе ги придобиеш луѓето од цел свет, и не е толку важно дали си го зел стаклениот микрофон или не. Со среќа и на победникот, и иако ги мразите и Немо и Бамби (не ми се допадна ни мене Швајцарија, ама Ирска ми беше фаворит, argue with the wall), што толку лошо ви направиле луѓето да коментирате толку невкусни работи? И мене сите натпреварувачи не ми беа омилени, фала Богу, ама енергија не трошам за нив да јадам г0мна, како што луѓе јадат секоја година, а сепак продолжуваат да гледаат „Гејовизија“, или собири на демони, или не знам што. Никој не ве приморува да гледате.
Одамна не сум била волку не во тек со Евровизија. Сега ја изгледав одсабајле, инаку вчера само успат на телевизорот видов дека Израел и Украина се лидери кога се делеа гласовите и мислам не очекував ништо помалку на политиковизијата . Тоа што ми се допадна е сцената и колку е напредната технологијата. Секој еден музички настап беше ефектен, драматичен, убаво осмислен. Визуелно преубаво изгледаше, и многу моќно и естетски прекрасно. Фаворити може да ги издвојам Хрватска, немаше многу металци на оваа Евровизија, барем од тоа што го изгледав од финалето. Ирска ми беше интересна, иако невообичаено и малку хорор, океј ми беше. Швајцарецот добро испеа, со оглед на тоа што трчаше како луд добар беше, ама за мене ништо посебно. И Шведска и Германија беа добри. Другото . И иако многу пати викав дека нема поента нашето учество на Евровизија, овие две години сфаќам колку ми недостига да настапуваме, да имам надеж, да навивам, и да се караме по интернет . Се надевам следната година ќе учевствуваме повторно.