На "певаљката" како милуваш да ја наречеш најверојатно не и се допаднало "ова/тоа" што победи , веројатно друга песна и се бендисала и има право на тоа . Така ?! Или ?
Не знаев дека Тамара пеела на митинзи на партии, ако е така, жално за неа. Во секој случај, за разлика од Андријана, Тамара очигледно не смета дека најголемиот музички фестивал во светот - Евровизија е под нејзина чест, па успеа да ни го постигне најдобриот резултат во историјата на Македонија. Дури бевме и победници од жири. И тоа без назив доктор на науки. Да, во право си, нема потреба да има хитови за да постигне успех на Евровизија, но потребен е друг пристап и друг мајндсет од оној на Андријана.
Интересно: Сан Марино дал 0 поени за Израел во полуфиналето, но и 12 поени во финалето, од публиката.
Златни они, платените реклами и бесрамното агитирање се исплатија, но не доволно. Со илјадници и илјадници евра само за реклами на интернет, дури и на различни јазици, пак не успеаа да победат и завршија 6 место.
Северна Македонија. Тамара пееше за Северна Македонија. И химната ја згреши дури. Ама да супер песна имаше и одличен настап на Евровизија. Ајде сега ти кажи ми дали сметаш дека е во ред настапот на оној што пееше гол?
Пееше за уставното име? Значи сепак не пеела на митинзи, ок. Не ми се допаѓаше настапот и песната на Финска, настапот беше премногу кичест и без поента за мене а песната ништо посебно. Без разлика, очигледно имал фанови штом влезе во финале. И што очекуваш да постигнеш од прашањево, да го бранам па да ми докажеш поента?
Колку ми е криво за детево, сите надежи му ги уништија... Ама талент е, талентите се како ѕвезди, ќе дојде момент, ќе блесне на музичкото небо
Сакам да ти кажам дека Евровизија не е тоа што беше и нормално е дека луѓето родени пред 90 година ќе бидат згрозени од актуелните циркуси кои се прават таму, од начинот на кој што се бираат претставници, до начинот на кој што се гласа, па и до тоа што се прикажува. Порано комотно можеше цела фамилија да си седне и да си гледа Евровизија со деца со се, сега не знаеш што може да те пречека на телевизијата. Океј е се тоа со еднаквост, лгбт заедница, бла бла бла (не сум против хомосексуалци, не сум хомофоб). Проблемот е до егзибиционизмот кој на сила се форсира и ги урива нормите на морално однесување и правичност. Гледам дека си премногу еуфоричен, и претпоставувам дека немаш многу години, па не верувам дека ќе сфатиш што сакам да кажам.
Вака па кога ќе се издигнат над Евросонг, со некакви потценувачки наративи, демек испод ниво им е да одат таму. А они грејните најмногу публика тука виделе на партински митинг, мораат патриотски кавери да снимаат за некој да ги викне како предгрупа на Здравко Чолич на пивофест. Се друго што снимиле авторско им е толку бејзик, досадно, ретро. Не можат да се помират дека Евросонг веќе не е промоција на тавче гравче вечер, пеење ,,зајди зајди" на суво пред новинари или расправање со Грци околу името и глупирање со некаков квазипатриотизам. Па кога ќе видам илјадници лајкови, стотици коментари со поддршка, демек таков циркуз не ти треба Андријанче, сфаќаш зошто најголем музички успех ни е победа на извесен Ристе во Гранд ѕвезди, шоу гледано претежно од пензионери. Овде некоја да проба да биде ексцентрична како Лејди Гага или Боуви, да не е по вкус на мнозинството, за леб ќе трпи. Естрадава е збирштина од несигурни и досадни Ламбенца.
Ако ги погледнеме гласовите за Израел ке видиме дека најмногу поени собра од протестански држави и држави кои имаат проблем со арапските мигранти. Холандија е комбинација и на двете од тука е јасно зошто 12 поени од холандско жири за Израл. А Европа никогаш не била ниту ќе биде анти семитска. А да, холанѓанецот не е исфрлен заради Израел ,како љубат фрипалестине да тврдат, камерманката уредно си пријавила во полиција напад кога и ја покрил со рака камерата.
Како и се друго што се менува низ годините, така и Евровизија. Ако во минатото било фестивал на балади и класична музика, не значи дека засекогаш ќе остане така. Светот се менува, се појавуваат нови музички жанрови, музички трендови и стилови. Комотно може цела фамилија да седне и да гледа Евровизија и сега, освен можеби настапот на Финска, нема баш ништо друго проблематично. Секако, доколку моралните вредности на одредени луѓе не се совпаѓаат со она што е прикажано на Евровизија, имаат опција да не го гледаат, сепак е 3 вечери во годината, во период во кој мали деца па и не гледаат баш телевизија. А ако одлучат да гледаат, на интернет секојдневно гледаат многу полоши работи од рецимо голиот газ на австријката или шпанците. Јас сум фан на Евровизија и секогаш ќе бидам, нормално е да сум еуфоричен евровизискиов период, а мојата возраст е ирелевантна. Конзервативен може да биде човек на 18, слободоумен човек на 60.
Како на сите ни стана симпатичен дечково е чудо. Луѓето ептен позитивно реагираат на ненаметливост,пристојност и нормално однесување. Е сега еве ја и сиротињава нарцисоидна. Пак да си докаже.
Аман од промовирање на сатански ритуали, злото очигледно зема замав во светот... Па дури и се гордее со изведување на ритуал морбиден на сцената... Мене морници ме лазеа кога ја слушав
Во мнооогу ретки моменти сум среќна шо живеам во Македонија. Еден од тие ретки моменти е шо вакви накази многу ретко се среќаваат тука, скоро па никогаш. И нека продолжи така.
Победникот на Евровизија според стајлингот, типот на музика и вајбот е комбинација од Хари Стајлс и Мика
Како нема извитоперено однесување оваа година на сцената, жити сѐ.... Вештерката на Ирска, Финска, Велика Британија.... Оваа од Ирска да му излезе на мало дете, ќе се исплаши, а богами и јас