А може некој да ми ги објасни качулките или што и да е тоа што го имаат за покривање глава, скоро па сите?
Русија во 2016 победи со гласовите од публиката, но од жирито беше 10-11 место, доби 0 поени од 23-24 земји
Тој плаче, јас тек да знаете колку го преплакав. Душа, се гледа колку му значеше сето ова. Па и во публика како се радуваат, абе кој сака што сака нека збори, ист народ сме сите Балкански земји. Не можам да се помирам колку го ограби жирито. Ние кога вака ќе си пуштиме некое дете да не претстави по светот и кога ќе се радуваме на некој успех, без разлика дали е музика, филм, спорт...
https://twitter.com/OliLondonTV/sta...9483743834460436¤tTweetUser=OliLondonTV Дали ви изгледа ментално здрава?! Инаку 10 поени од Ирската публика за Израел Не се сите фрикуши ко оваа.
Украина победи 2016 Русија беше трета И јас уште појќе сум разочарана сега Како бре не му дадоа по уште 5+6 поени појќе секоја од земјите . Имаше многу кои му даваа по 1-2-4 бода . А 6 земји не му дадоа ни еден . Толку па на цела Европа да им се допадне Швајцарија и да и даде 12ка а на Марко 2 . Епа не е фер @KateKane а зашо го викаш дете ?! Зрело момче е 28-29.год има. Љ 12-13 год се бави со музика . Не е почетник Марко
точно така, многу е морално да се поддржува држава што прави геноцид, вистинскиот грев се фрикуши како бамби make war not love
Па сеа некој ке ги подржува и Хамас ама да не отвараме пошироки политички муабети . Како и да е фрикушава треба да се лечи.
Мене ми изгледа као лошо нашминкана Грета. Оноа кога не знаеш шо да кажеш јер немаш прочитано книга во животот. Ќе и помине, со тек на време. Иначе знаела/знаеле и поинаку да се нашминка/ат.
Are you serious? Сакаш да кажеш дека Евровизија е главен и одлучувачки фактор некоја држава да одлучи дали ќе влезе во НАТО или не? И ние името го сменивме затоа што ни ветија од ЕБУ дека ќе бидеме први од жири на Еуросонг
Некако двојни стандарди малку да не имаш? На другана тема се истреска од земја за да докажеш дека сум срам за женскиот род, а тука продаваш пуфки за геноциди. Запрашај се Хамас што правеше на девојките на Нова фестивалот. Т.е не се запрашувај, прочитај, гледај некое видео, послушај сведоштва. Да, дефинитивно тогаш би ја избрала мечката, наместо маж во шума. Едно е да водиш војна, сосема друго е да се изживуваш врз тела, да силуваш и да не продолжувам да редам сведоштва. А тие што протестираат и ја трујат цела Европа, слободно нека одат во прв фронт да ја одбранат Газа. Којзнае кој ги спонзорира. Патем да, на денешното нормално, пред 20 години ќе му вршеа лоботомија. Не е тоа либералност, туку голтање на сервирани отпадоци од Америка. Евровизија е фрик шоу веќе од поодамна.
Офф топик си, Израел требаше да биде баниран и да не настапува. Политиката на страна се остава, не може за едните мајка за другите маќеа. Како за Русија така и за Израел. Тоа што Евровизија е излезена од контекст тоа е веќе друго. Турлитава се напраи манифестацијана, на ништо не личи, мислам дека и годинава убедливо највеќе скандали имаше.
https://www.dagsavisen.no/kultur/2024/02/06/derfor-far-israel-delta-i-eurovision-song-contest-2024/ Сосема друга е причината зошто Русија е исклучена, а Израел не. Накратко, Русија е исклучена, затоа што повеќе држави се заканиле дека нема да емитуваат Евровизија ако Русија настапува. За Израел нема такви барања. Тоа е разликата.
Ама тоа и викам, политика. Што има други да кажуваат, дали Русија ќе се натпреварува. Израел беше исвиркан што дишеше буквално, немаше чекор каде не го следеше ФриПалестина, да не зборам за коментари по социјални мрежи, пола од луѓево имаат коментари нема веќе да гледаат заради двојните аршини, оди кај девојкана што го преставуваше Израел, потоп е од коментари, па да не се лажеме ни она не остана баш скромна. Затоа и требаше да биде банирана, геноцид врши. Или и двете држави да настапуваат или ниедна. Не вака, па после терор да доживува девојкана на секое искачање на пред или на секое движење.
Јас мислам дека Евровизиската публика досега не била толку сплотена за нечие 2 место..уште ми е криво.
Моите топ 10: 1. Хрватска 2. Швајцарија 3. Франција 4. Грција 5. Украина 6. Ирска 7. Литванија 8. Словенија 9. Србија 10. Грузија Многу ми е мило што победи Швајцарија, преубав комплетен настап имаше, и песната беше одлична. Претставникот беше ептен душичка, заедно со Бамби срцки ми беа. Колку и да сакав Хрватска да победи, особено бидејки Бејби лазања делува како најфината личност на светот, тешко жирито да поддржи таква песна. Позитивно изненадена сум од пласманот на Ирска, предобар перформанс и енергија имаа, мило ми е што и жирито го препозна тоа. Друго што и да сакам да кажам не можам, бидејќи стомак ми се превртува. Крајно разочарана сум и од ,,газдите" на Евровизија, а и од тој морално пореметен процент од гласачкото тело на Европа. Посакувам да ја имав силата годинава да го бојкотирам цел настан, за следната година дефинитивно ќе го имам тоа предвид. Засега ќе се тешиме сите дека барем тие што се најдоа на врвот беа јасно и гласно на страната на правдата. Браво за нив.