Колку сличен топ 10 сме имале. Мене ми беа: 1. Хрватска 2. Швајцарија 3. Ирска 4. Италија 5. Грција 6. Ерменија 7. Литванија 8. Словенија 9. Србија 10. Грузија
Во право е. Не е веќе фестивалов за сериозни музичари. Само политика, лгбт и циркузи и од година во година се' полошо. Годинава и најголеми фанови изгубија со лицемерието и двојните аршини, како што читам коментари. За некои музичари ова е под ниво, да.
Сега ги видов некои од настапиве. Од Ирска најбоље костим имаше дефинитивно. Не им ја сфаќам омразава на некои.
„The Code“ на Немо дебитира на #17 на Global Spotify со 3,57 милиони стримови. Europapa е на #25 на глобалната листа. Rim Tim Tagi Dim е на #45 на глобалната листа. Друга Евровизиска песна за жал нема на топ 50 листата.
Знам дека Украина победи, но Русија во 2016 победи на телевотингот (361 поени), додека од жирито беше погребана, доби 0 поени од 22-23 земји..
https://www.instagram.com/reel/C6wyzoLvV1v/?igsh=MTAxcGY2aXN0ZmFmYw== Еве Израелката, што и се дешавало, заради двојните аршини на Евровизија. Да се корегирам, не зашто е Еврејка, малку претераа со верскиот дел.
Најголеми лицемери се овие што ја малтретираа со булинг и генерално целиот бојкот што и се случи не смееше да се случи.
Да, зашто девојката не е ништо крива, исто ко што ни некој преставник на Русија не би бил. Ама пошо политика мешаат и девојкава ја малтретираа буквално.
Израелката да беше паметна немаше да учествува, се знаеше дека ова ќе се случува, кога можеше Русија да добие забрана, требаше и Израел, уште поголем гнев предизвика тоа што ЕБУ ги избриша сите негативни коментари на нејзинито видео и се уште ги бриши.....
Да беше Израелката некоја невина девојка, неутрална за геноцидот од страна на Израел, да немаше песна што суптилно но перфектно ја претставува државата како жртва, да не беше трансфобична, лицемерна и подла, ќе ми беше жал што ја свиркаат, што 80% од натпреварувачите ја избегнуваа и сѐ друго. Но, ваква каква што е, не само што не ја жалам туку мислам дека сѐ и беше малце, со оглед на тоа што цела нивна делегација беше заштитена како бела мечка, за секое прекршување на правилата немаа ни јавна опомена, камо ли реперкусии, споредбено со други натпреварувачи, како што е Јост. 35.000 луѓе се масакрирани во Палестина од страна на дежавата што гордо ја брани во песната, но мене треба да ми е жал за хејтот кон геноцидната Барби, нече мочи.