Лол, буквално ми го цитираше мислењето а во цитатот имаше напишано сѐ а ништо поврзано со букинзите. Ваљда не очекуваше толку многу, па се збуни. Немо не е непронајден, јасно и гласно си го кажува идентитетот, впрочем никој и не е, што и да ти значи тоа. Жирито ќе го гласаше секако, jury bait е песната со неколку жанрови, вокално - перфекција, а со малку поексплозивен сценски концепт ќе беше топ 2 и од публика. Не си го губам времето, не грижи се.
Се знае зошто победи Немо. Ама поарно што он победи, отколку Израелката. Гледав на Јутјуб видео во кое израелските коментатори на Евровизија зборуваат лоши работи за некои од учесниците. Пак ќе кажам.... Криво ми е што Белгија не влезе во финале.
Ептен се збунив да ти кажам Очигледно има фанови, тоа значеше "светот останува на младите", иако не го менува фактот дека публиката, по гласови, го стави на 5то место. Колку што знам, тој самиот е нон бајнари, што за мене е непронајден. Ако грешам поправи ме. Сосема е ок дечко да носи суќњичка. Овие се отепаа од дрндање дека нон бајнари ќе им настапува Успехов, седи раат. И Кончита носеше (прекрасен) фустан ама си заслужи да победи, немаше ни од далеку добра песна како нејзината. И не, не се сите непронајдени. Сексуалната ориентација везе нема со оваа група на луѓе
Видов. Ништо лошо не кажува. Тој има право на свое мислење како и другите. И пак го кажува на фин начин за разлика од другите двајца. Му правиш дефамација со ширење лага. А, на интернет има и далеку погруби негативни критики за Бамби од овие на подкастов. Треба да сфатиш дека луѓето имаат право на мислења што не ти се допаѓаат. Не може само ти да бидеш во право и цело време.
Ни мене не ми се допаѓа тонот на Бејби Лазања во видеото ама не ни кажа нешто толку лошо за да го cancel сега. Он никогаш не бил дел од таа лудост на Евровизија, поозбилен е плус христијанин, не ни очекував да има поразлично размислување. Не е баш едуциран што е политички коректно, whatever. Веројатно е и хомофоб дечкото искрено, се одлучувам да игнорирам...... Ама интересно ми е што прочитав дека Бејби Лазања глумел невин, кога јас Немо не го поднесувам баш ради тоа што е премногу фејк, не ја поднесувам неговата појава. Ќе облече пастелни бои, ќе ги отвори очите мислиш ќе заплаче, ќе го наштима гласчето и демек скромен добар итд. Баш лоши вајбс ми дава, не знам.
И да е хомофоб, немаше никаква изјава ниту непочит на настанот од негова страна, така што освен да претпоставуваме - нема што друго. Бидејќи е верник не ме чуди да не прифаќа, се' додека не е отворено и јавно хомофобичен, негова работа. Немо не ми дава лош вајб мене, недораснат евентуално Не е дека детето не се потрудило, стварно имаше захтевен настап.
Што се однесува до мене, јас тие глупи песничиња од типот Рим,тим,диги,дим , ни на на, бум,трас контрабас итн не ги ни рачунам ко музика нит ми се допаѓаат, Според мене детето од Германија имаше најубава песна а и глас ама очигледно на Евросонг нормалното не поминува Е сега сигурно и ке бидам исмеана но гајле ми е, заостаната сум јас, мене од сите најубав ми е гласот на Michael Bolton, има некоја сексипилност во гласот, нешто слично и кај тој малиот од Германија слушам, но не само ради тоа најубава ми беше песната , но Евросонг стана циркуз
Во однос на текст на песна, Марко серизна тема има фатено, голем дел од младите на Балканот се соочуваат со истите проблеми и стравови. Доста е релевантна. Жанровски е веќе друга работа, секој по свој вкус и што му прија на уво е.
Видеото во кое Baby Lasagna ја исмева и навредува Бамби се рашири низ интернетот со англиски превод, дел од колегите го отследија Марко на Инстаграм, огромен број фанови се ужаснати од речникот на Марко и блатантното непочитување на колега. И покрај тоа што сите овде го одбранивте, неговите колеги не мислат така. Марко НИКОГАШ нема да биде светска ѕвезда и за неколку години ќе замре целиот хајп. I wonder why. Nemo, Marina and Bambie have unfollowed Baby Lasagna on Instagram.
Ау, колку се замараш со Евровизија у август месец, уау! Кој шо правел, кој шо кажал... Биг дил. Да не прочитав тука-никад немаше да знам. Дечково е оженет. Морав да се вратам назад за да проверам дали си машко. Едвај чекаш да се рашири видеото меѓу странците? Типично македонско однесување, да му умре козата на комшијата. А, сепак, со европски стандарди си, се гледа. Како тоа никој не е тоа? Не го навредувај тие. Не ги навредувај тие. Не знам како треба, за да не се навредат. Евровизија е за жирито што сака да победи? Хм... Потврда дека си тип „да му умре козата на комшијата“. Тапија. Блатантно непочитување? Тоа што му е чудно и смешно шо се дерела онаа со превртени белки? И што со тие отишле во глува соба за да плачат, пошо ги погодило? Леле мајко, шо ни направи интернетот, ја не знам кај оди овој свет... Какви недобрини почнаа да стануваат нормални, ц, ц, ц... Колку години имаш ти? Уште да си над 25 и готово. Го отследиле на Инстаграм тие, Марина и тие. И што сега? Во однос на видеото: го изгледав само тој дел и баш нишо лошо човекот не кажа. Исто и јас би реагирал. А, дали требало да се изјасни тогаш, во мај? Мислам дека не требало. Ако сакал-можел. Не сакал-не изјавил ништо, не заземал страна. И што сега, тоа го става во некаков лош кош ли? Па секој си има свое мислење. На крај краишта, он ќе си продужи со настапи, а дали ќе стане ѕвезда или не-ќе покаже времето. Исто и за другите. Во меѓувреме, тие ќе си плети здолништа и капчиња во бејби пинк, за да им биде удобно пошо, нели, се чувствуваат како мало девојченце.
Како за некој што не се замара со Евровизија, доста време си поминал читајќи, цитирајќи и реплицирајќи доолги текстови на мои мислења, у август месец, у пет сабајле. За другото, ако не знаеш како се зборува за колега, за некого кому си праел лице 1 недела и не си зуцнал ни збор у фаца, за зад грб отпосле да јадеш лајна со несоодветни зборови - тоа не е мој проблем, ниту моја задача тебе да те едуцирам. Ниту пак сакаш да разбереш како што гледам.
Само имам инсомнија, ништо повеќе од тоа. Каков збор у фаца требало да им зуцне на Бамби? Па да се раздерат Бамби уште посилно и да се направи скандал, како со оној лажниот што му се случи на норвежанецот? Или, да изјавил дека му е смешно што сите тие вкупно двајца плачеле у глува соба поради глупости, како мали деца. И? Ќе скокнеа твои истомисленици кои ќе направија, повторно, скандал. Колеги преку колеги. Си имам јас свое мислење, став. Шо, треба да ги правдам секад, да ми се допаѓа све што прават?