Мислиш на скандалот со Холанѓанецот? Читав дека најверојатно е наместен затоа што беше еден од фаворитите за победа. Најскандалозна Евровизија
Крајот ќе им го најдеш... И песната му е таква, ЕуроПаПа, може и уште од создавање на песната е плански.
15 септември беше крајниот датум, до 11 октомври некој од пријавените земји може да се откаже од учество без да плаќа поени. Ние веќе од пред три четири недели одлучивме дека нема да учествуваме на главната, а можно е и повлекување и од детската од 2025.
Супер песна победи лани, Швајцарија и Bambie Thug од Ирска ми беа фаворити. И Шпанија и Словенија не беа лоши. Другите ги заборавив. Уствари и на Грција и на оној отровон рим тим се сетив.
+ Украина. А покрај Хрватска и на Србија исто така ме иритираше мелодијата, не ми се бендисаа тие две воопшто и другите стварно не ги памтам.
Шведска прв фаворит за победа, Франција втора и Финска трета, а песната на естонецот падна надоле и нема никакви шанси за првите 3 позиции. Се си мислам дека Украина пак ќе победи. Односно ќе и ја наместат победата. Ама дај боже да грешам.
Манс незаслужено доживува прав булинг на интернет, и почнувам да верувам дека е од луѓе кои му се плашат зошто знаат дека би победил во Цирих па затоа го хејтаат. Иако ми се допаднаа тие Каи сега баш ќе ми биде мило Манс не само да победи во сабота туку и да победи и на Евровизија.